Контакт

Скопје

Изложба „Арт Ограда“ во Карпош

Објавено пред

Во соработка со Oпштина Карпош, “Моден викенд Скопје“, денеска  постави изложба на фотографии на модели на македонски дизајнери учесници на годинашнава манифестација.

dobivaj vesti na viber

 

 

Отворената изложба на фотографии која ќе биде достапна за граѓаните цел месец, е поставена на оградата на Архивот на Град Скопје, наспроти „Скопје Сити Мол“ односно на аголот на улица Московска и булеварот Партизански одреди, а истата е  насловена  „Арт Ограда“.

 

Станува збор за големи паноа од фотографии на  модели кои ги носат нашите познати актерки Ивана Павлаковиќ и Дарја Ризова, Јована Василева победничката на „Танц на ѕвездите“ и манекенките на модната агенција „Подиум“.

 

Градоначалникот на општина Карпош, видно задоволен од преубавите креативни фотографии, ја поздрави оваа манифестација.

 

„Како една современа Општина, сакаме да ги следат модните трендови и од тие причини ја поддржуваме оваа изложба. Манифестацијата „Модна недела“ која се одвиваше на територија на општина Карпош, каде се снимени сите фотографии, на осум локации во Општината. Нашето вклучување и идејата на оваа манифестација и изложба е со цел да ги поттикнеме граѓаните да ги следат модните трендови, а ние како локална самоуправа даваме поддршка токму на вакви иницијативи за да можат повеќе граѓани да ги следат модните трендови од Европа и  Балканот“, рече Јакимовски.

 

Традиционалната 10-та по ред манифестација „Модна недела-Скопје“, ќе започне утре и ќе трае до 27 октомври овој месец. Инаку фотосесијата на моделите на македонските модни креатори се правеше на осум локации на територијата на Општина Карпош, која како најурбана општина е најпретставителна за современите модни трендови, и тоа кај реновираната фасада на зградата „Мал одмор“, кружниот тек кај гимназијата „Ѓорѓи Димитров“, кај фонтаната во Карпош 3, на платото кај Млечен ресторан, во дворот на манастирот Свети Пантелејмон, во дворот на ООУ „Јан Амос Коменски“, на новиот плоштад во Влае „Делфина“ и долж булеварот Партизански одреди. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)

– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Скопје

Кисела Вода го модернизира осветлувањето: LED светилки со паметен систем за контрола

Објавено пред

Општина Кисела Вода продолжува со проектот за замена на уличните светилки, со цел подобрување на осветленоста и енергетската ефикасност на јавните површини.

dobivaj vesti na viber

Се работи во населбата Пинтија, во рамките на втората фаза од проектот кој ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор. Досега, се заменети над 2.400 светилки во населбите Пржино и Црниче. Со новите LED сијалици, осветлувањето ќе биде поекономично, со намалена потрошувачка на енергија во споредба со старите светилки, а нивниот век на траење е 4,2 пати подолг. Дополнително, светилките ќе се управуваат преку паметен систем, кој овозможува подобра контрола и ефективност.

Реализацијата на овој проектот кој се изведува во пет фази, обезбедува безбедни, современи и функционални улици, со пониска потрошувачка на енергија и долготрајни решенија за јавното осветлување во општина Кисела Вода.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....

Македонија14 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија15 часа

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија17 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија17 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија17 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија18 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија19 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет19 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ21 час

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет22 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет22 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет22 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет22 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа23 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет24 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет1 ден

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија2 дена

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија2 дена

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...