Скопје
Повик за бесплатна стерилизација на бездомни кучиња
Здружението за заштита на животни Анима Мунди објави повик до сите граѓани за бесплатна стерилизација на маалските бездомни кучиња.
Здружението, во партнерство со ЕНПА, најстарата организација за заштита на животни во Италија, обезбеди помош за стерилизација на 200 бездомни кутриња во Скопје. Ова е првичната бројка на животни за кои ЕНПА овозможила бесплатна стерилизација и постоперативно сместување од 24 часа, а од Анима Мунди веруваат дека оваа бројка ќе биде зголемена по завршувањето на овој проект.
„Целта на проектот е хуман третман на бездомните животни за кои се грижиме ние љубителите на животни, како и практикување на граѓанска одговорност зошто со само еден чекор, стерилизација на едно кутре, го затвараме кругот на раѓањето на илјадници нови бездомни животни на улиците и нивното страдање и усмртување; правиме хумано дело кое е во интерес и на животните и на нашата заедница. Стерилизираните кутриња имаат смирен хормонален статус и не се здружуваат во глутници, нема мајки кои ги бранат своите младенчиња, се намалува бројката на луѓе на кои им пречат животните.. Стерилизацијата е полезна за здравјето на животните и превенира бројни смртоносни заболувања (канцер на матка и млечни жлезди) така што стерилизираните кутриња живеат поздраво и подолго“, се вели во повикот на Анима Мунди.
Сите граѓани кои сакаат да ги стерилизираат маалските кучиња може да го контактираат здружението на мејл [email protected] и да резервираат термин.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Извршена ларвицидна дезинсекција во општина Илинден
Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, Општина Илинден во координација со екипите на ДТУ ТОКСИ ВЕТ – Скопје, реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.
Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци.
Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од 50 хектари.
Дезинсекција се врши со еколошко средство, кое е безопасно за здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.
Скопје
Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки
Трендот во големите градови и културата е рециклирање и рекреирање веќе на постојното. Колку понапредни општествата, толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е second hand модата.
Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех.
Оваа сабота (11 мај) во „Јавна соба“, под слоганот „Second hand е подобро од ново“, почнува базарот, каде што посетителите може да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има многубројни штандови со разноразни парчиња, кои дефинитивно заслужуваат втора шанса.
И сето тоа во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, еве неколку причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака:
– заштеда на пари;
– помагање на животната средина и зачувување на природните ресурси;
– поддржувате локален и мал бизнис;
– развивате уникатен стил;
– имате чувство како да сте во потрага по богатство.
Скопје
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради денот на полицијата
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од 08.00 до 18.00 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ до крстосница со бул.„Февруарски поход“. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.