Контакт

Daily news

УСАИД одбележа 25 години од работата во Македонија

Објавено пред

Американската агенција за меѓународен развој во Македонија, УСАИД, годинава ја одбележува 25-годишнината од работата во Македонија. Во рамките на изминатиот четвртина век, УСАИД, во партнерство со македонските граѓани, македонските институции, компании, здруженија и организации, посвети значително внимание и обезбеди поддршка за да го подобри квалитетот на животот во нашата земја преку различни проекти допирајќи речиси до сите сегменти од општественото живеење.

dobivaj vesti na viber

Меѓу првите проекти на УСАИД од почетокот на работењето во Mакедонија во 1993 година беше проектот „Од земјоделец на земјоделец“. Целта на овој проект беше поддршка на растот на економијата имајќи го предвид потенцијалот на земјоделството и можноста Македонија да стане рамноправен учесник на меѓународниот пазар во поглед на понудата на квалитетни земјоделски производи. УСАИД им помогна на локалните земјоделци со тоа што донесе 200 волонтери фармери од САД со разновидна експертиза, со цел да го пренесат своето знаење, но и искуства за подобри земјоделски пракси, здружување на земјоделците, користење нови технологии во производството и преработката на земјоделските производи. Преку техничка поддршка и обуки за индивидуалните земјоделци, преработувачи, здруженија и институции, УСАИД помогна агросекторот да ги намали трошоците за производство, да ја подобри ефикасноста и да го зголеми квалитетот на производите.

Иницијалната поддршка за македонскиот агробизнис од страна на УСАИД во насока на зголемување на конкурентноста преку понуда на поквалитетни производи, освојување нови пазари и воведување напредни технологии, продолжи и со низа активности во рамките на проектот за унапредување на маркетингот на македонскиот агробизнис, имплементиран од страна на Land O Lakes. Како резултат на посветената работа на проектот на УСАИД со сите фактори од млечната и месната индустрија во Македонија во 1998 година започнаа активностите за технолошко унапредување преку воведување нови технологии, развој на нови производи и подобрувањето на квалитетот на млечните и месните производи. Се поставија стандарди за производство на македонски производи со додадена вредност, чиј висок квалитет се верифицира во современо опремена лабораторија. Задоволувајќи ги строгите критериуми,  171 производ од млечната и месната индустрија го добија знакот за квалитет. Сеопфатните маркетинг-активности помогнаа знакот за квалитет многу бргу да стане препознатлив од страна на потрошувачите и резултира со зголемување на побарувачката на висококвалитетни македонски млечни и месни производи.

Во 2000 година повеќе од 2/3 од македонските граѓани го препознаваа овој знак за квалитет, а повеќе од 70 отсто ги променија своите навики за купување, притоа секогаш одбирајќи производ што го носи знакот за квалитет.

Уште една потврда за поддршката на македонската економија од страна на УСАИД е фактот дека до 2002 година Македонија воопшто не извезуваше млечни производи, но преку разните проекти на УСАИД во овој домен, по само 4 години, се реализира извоз на млечни производи во САД во вредност од над 1 милион долари, како и свежо јагнешко месо на пазарите во Грција, Италија и во Хрватска.

Следејќи ја успешната приказна во делот на унапредување на конкурентноста на македонските бизниси од земјоделско-прехранбениот сектор преку создавање поквалитетни производи и зголемување на извозниот потенцијал, во 2007 година УСАИД започна со реализација на програмата „Агбиз“. Активностите беа насочени кон зголемување на приходите во земјоделството, зголемување на извозот, подобрување на продуктивноста, подобрување на деловното опкружување и зголемување на пристапот до финансиски средства за земјоделците и преработувачите. Целта на овој процес беше да се искористат постојните капацитети, но и надградување на стручноста на македонските експерти, за водечките компании и фарми да создадат интегриран синџир на додадена вредност, со цел подобро да одговорат на пазарните можности.

Проектот резултира со директна техничка поддршка на 372 агробизниса, 34 асоцијации на производители и 5 бизнис-асоцијации. Проектот исто така стимулира инвестиции во земјоделството од речиси 19 милиони долари и создавање 637 нови работни места, кои придонесоа за зголемување на приходите на повеќе од 42 илјади домаќинства во руралните делови на земјата. Како дел од овој проект вклучена беше и поддршка за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, со цел унапредување на регулативата и процесите за дијалог со индивидуалните земјоделци и компании.

УСАИД ги поддржа водечките компании во формирање и градење на капацитетите на неколку нови национални асоцијации во потсекторите вино, шумски плодови и овошје. Беа поставени темелите на здруженијата „Вина од Македонија“, „Шумски плод“ и „Викторија“ како организација на извозници на трпезно грозје и друго овошје од Македонија. Истовремено, Македонската асоцијација на преработувачи – МАП беше партнер на УСАИД во реализација на активностите за зголемување на извозот на преработки од овошје и зеленчук. Тие денес се успешни и самостојни/самоодржливи организации на производители и преработувачи што ги штитат интересите на своите членки и работат на унапредување и јакнење на извозната конкурентност на потсекторите. МАП и „Вина од Македонија“ се препознаени како социо-економски партнери на Владата и раководат со промотивни активности за извоз на вино и преработки на меѓународните пазари.

Преку проектот за поддршка на мали и средни претпријатија УСАИД многукратно ја подобри продуктивноста на производителите на пченка како модел што ќе овозможи да се намали зависноста од увоз на пченка и конкурентно производство на храна за добиток.

Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени промовира практики и мерки со кои земјоделците се адаптираат на современите предизвици од негативното влијание на климатските промени врз земјоделското производство во областите градинарство, лозарство, овоштарство, сточарство, како и спречување ерозија на почвата.

Преку проектот за регионален економски развој УСАИД работи на поврзување на агробизнисите од Македонија и од регионот со водечките мрежи за увоз и дистрибуција на свеж, замрзнат и преработен зеленчук и овошје, како и со некои од најголемите синџири на супермаркети во Европа и други алтернативни пазари.

Придобивките од проектите во земјоделско-прехранбениот сектор продолжуваат и по нивното завршување. УСАИД продолжува активно и безрезервно да ги поддржува македонските мали и средни претпријатија и институции во нивната мисија да создадат здрава и силна економија, која ќе овозможи конкурентен настап на нови пазари и зголемување на извозот на производи со додадена вредност и ќе генерира нови работни места и пораст на БДП.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем...

Македонија3 часа

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва...

Македонија3 часа

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните...

Македонија4 часа

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не...

Регион11 часа

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“,...

Свет13 часа

(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди...

Свет14 часа

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд...

Македонија15 часа

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од утре пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во...

Македонија1 ден

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија1 ден

Мисајловски: Куманово дополнително ќе биде град на можности

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на народниот митинг, кој се одржа во Куманово,...

Македонија1 ден

Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

Вечерва од Свети Николе, каде се одржа граѓанската трибина од караванот „Се бориме за нашиот дом“, Претседателот на СДСМ, Венко...

Македонија1 ден

Филипче од Велес: Маја Хеско за урбан ред во Велес, нова сала, затворен базен и средено Езеро Младост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, се обрати од денешниот народен митинг,...

Македонија1 ден

Димитровски: Скопје не треба да биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани

Даме Димитровски, носител на листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во...

Македонија1 ден

Стојкоски: Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...

Македонија1 ден

Мицкоски: СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори...

Македонија1 ден

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Кандидатката за Градоначалничка Маја Хеско, од трибината во Велес, ја презентираше својата програма , со која вели дека Велес повторно...

Македонија1 ден

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во...

Македонија1 ден

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025...

Македонија1 ден

Костадиноски: Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо за модерно Јегуновце со инвестиции во паркови, во спортот и во младите

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник за општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната...