Црна хроника
Дилерот од Ченто ја преработувал марихуаната во хашишово масло

Дилерот од Ченто, во чиј дом во вторникот вечер беа пронајдени 11 килограми марихуана, дрогата ја набавувал од Албанија и ја преработувал во хашишово масло кое е појако од марихуаната, соопшти во средата Министерството за внатрешни работи.
Дваесет ичетиригодишниот Д.Ј. во текот на минатата година од непознато лице од Албанија купил неутврдено количество марихуана, коешто, дел ја препакувал за улична продажба и ја продавал на зависници од Скопје, а дел во посебно направен сад ја преработувал во хашишово масло, кое како наркотична дрога е појака од марихуаната и предизвикува силна еуфорична состојба кај зависниците. Продажбата на дрогата, најчесто ја вршел од својот дом, како и со своето возило, разнесувајќи ја на претходно договорени места на подрачјето на градот.
Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека Д.Ј. и покрај тоа што во 2009 година е кривично пријавен за недозволена трговија со хероин, сé уште се занимава со недозволена трговија, вчера (18. 03.), со наредба од судија на претходна постапка, извршила претрес во неговиот дом каде што се пронајдени и одземени
околу 11 килограми марихуана и 12 шишиња од по 1,2 литри хашишово масло, две ваги и еден сад за дестилација.
Целокупниот пронајден материјал од извршениот претрес е одземен и предаден за вештачење, а против Д.Ј. е поднесена кривична пријава поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.