Контакт

Daily news

Народна банка: Пораст на активноста во индустријата и во трговијата, градежната активност се намалува

Објавено пред

На 9 јануари 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

dobivaj vesti na viber

На седницата беше оценето дека монетарната поставеност е соодветна и беше одлучено аукцијата на благајнички записи на 10 јануари да се спроведе под непроменети услови, односно да се понудат благајнички записи во износ од 25.000 милиони денари и каматна стапка од 3,25 отсто.

Комитетот ги разгледа најновите остварувања во домашната економија во контекст на макроекономските проекции од ноември минатата година, при што беше заклучено дека економските основи се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата. Сепак, беше истакнато дека сè уште постојат сегменти каде што се присутни одредени ризици и кои упатуваат на потреба од одржливо подобрување на очекувањата и довербата на економските субјекти. Во вакви услови на здрави економски основи, но и понатаму присутни ризици, потребна е внимателност во однос на промените во монетарната поставеност.

Во однос на најновите макроекономски показатели, по падот на активноста во првата половина на 2017 година и умереното закрепнување во третиот квартал, досега расположливите високофреквентни показатели за активноста во последното тримесечје од минатата година, генерално, упатуваат на понатамошно закрепнување на економијата. На ваква констатација посочуваат податоците за активноста во индустријата и во трговијата, а градежната активност продолжи да се намалува. Воедно, на подобри економски услови во последното тримесечје посочуваат и показателите за економскиот сентимент на економските субјекти.

Податоците за инфлацијата за 2017 година покажуваат просечен годишен раст на ценовното ниво од 1,4 отсто, кој се должи на растот на базичната инфлација, а во мал дел и на енергетската компонента. Остварувањата кај инфлацијата се во согласност со проектираната просечна инфлација за 2017 година од 1,3 отсто. Во услови на остварувања во рамките на проекцијата, а при истовремена ревизија на очекувањата за одделните увозни цени во разни насоки, засега ризиците за проектираната инфлација за 2018 година од 2 отсто се оценуваат како урамнотежени.

Во последното тримесечје од минатата година девизните резерви забележаа раст во услови на поволни движења на девизниот пазар и интервенции на НБРМ со нето-откуп на девизи. Движењата на резервите во последниот период се подобри од очекувањата, a сите показатели за адекватноста на девизните резерви и натаму се движат во сигурната зона.

Бројот на расположиви податоци за надворешниот сектор за последното тримесечје е ограничен, но засега достапните податоци за надворешната трговија, заклучно со ноември минатата година и податоците за менувачкото работење, како клучните компоненти на тековната сметка, упатуваат на нешто помал дефицит во тековната сметка од очекуваниот.

Во отсуство на нови податоци за монетарните и кредитните агрегати и понатаму остануваат оценките дадени во ноемвриските податоци, според кои депозитните и кредитните текови се движат во согласност со очекувањата. Монетарните податоци за ноември минатата година, слично како и во октомври, покажаа солиден месечен прираст на вкупните депозити во банкарскиот систем како резултат на депозитите на населението, но и на прирастот на корпоративните депозити. На годишна основа, во ноември, вкупните депозити забележаа раст од 5,7 отсто. На кредитниот пазар кредитирањето продолжи забрзано да се зголемува при речиси рамномерна распределба на кредитите кај секторот население и кај корпоративниот сектор, при што вкупната кредитна активност забележа годишен раст од 5,6 отсто.

Во периодот помеѓу двете месечни седници на Комитетот, ликвидноста во банкарскиот систем забележа релативно висок раст, што се должи на интервенциите на Народната банка за откуп на девизи од банките поддржувачи во износ од 44,7 милиони евра. Релативно високиот откуп на девизи во анализираниот период беше остварен во услови на поволни движења на девизниот пазар, кои се манифестираа со раст на понудата на девизи од менувачниците како сезонски ефект пред божикните и новогодишните празници и пониска нето-побарувачка на девизи од фирмите на месечна основа. Со овие движења на збирна основа во 2017 година Народната банка оствари релативно висок нето-откуп на девизи во износ од 65,6 милиони евра.

Во текот на декември минатата година банките ги надоместуваа краткорочните ликвидносни потреби на пазарот на меѓубанкарски депозити, а дел од вишокот слободни ликвидни средства банките го насочија во расположливите депозити кај Народната банка.

Во текот на минатиот месец во фокусот на вниманието на пазарните учесници на меѓународните финансиски пазари беа состаноците на ЕЦБ и на ФЕД. На состанокот на ЕЦБ беше потврден ставот за продолжување на програмата за откуп на хартии од вредност најмалку до септември 2018 година, а прогнозите за економскиот раст на еврозоната беа ревидирани нагоре. Притоа, и во текот на минатиот месец објавените макроекономски податоци за еврозоната беа поволни, што овозможи зајакнување на вредноста на еврото. Како резултат на тоа, во текот на 2017 година еврото забележа апрецијација од речиси 14 отсто во однос на американскиот долар, што главно се поврзува со намалените согледувања за политички ризици и солидните економски остварувања во еврозоната. Во САД на состанокот на ФЕД беше донесена одлука за зголемување на таргетот за распонот на каматните стапки за 25 базични поени, на ниво од 1,25 до 1,5 отсто при натамошно подобрување на условите на пазарот на труд и солидни економски остварувања. Исто така, беше усвоена даночната реформа во согласност со предлозите на американскиот претседател, што придонесе за зголемување на приносите на американските државни обврзници.

Сумирано, на седницата беше заклучено дека тековните економски и финансиски услови, како и постојните ризици, укажуваат на тоа дека постојната монетарна поставеност засега е соодветна. Екстерната позиција, доколку се оценува според остварувањата кај тековната сметка на билансот на плаќања, генерално е во рамките на очекувањата и покажува задржување на здравите економски основи.

Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи сите економски показатели и случувањата во домашната економија, при што идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од движењата во домашната економија и екстерниот сектор.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија, зошто секогаш кога се власт се случуваат грешки како прифаќањето на бугарскиот ултиматум

На денешниот народен митинг во Новаци во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Топ7 часа

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за семејно насилство. Едниот случај е во Ѓорче Петров, каде осомничениот...

Македонија8 часа

Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани  

 „Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за...

Топ9 часа

Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода. Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје,...

Македонија10 часа

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени...

Македонија11 часа

Обвинителниот акт за пожарот во Кочани – одобрен во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во...

Македонија11 часа

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети, кој е на црната листа на САД

Судскиот совет го разреши судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, од функцијата. Инаку, тој во декември минатата година, заедно...

Македонија12 часа

Вработени во Општина Гази Баба организирале создавање и палење депонии, објави Арсовска

Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето...

Свет15 часа

(Во живо) Последниот брод сè уште плови кон Газа, Израел објави забрана за влез

Последниот брод во меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, според организаторите, откако околу 40...

Свет15 часа

Трамп: Ако продолжи блокадата на владата, ќе има отпуштања

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека федералните работници би можеле да бидат отпуштени, а проектите би можеле да бидат...

Европа16 часа

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол...

Европа24 часа

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа...

Топ1 ден

(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа...

Соопштенија1 ден

(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко...

Соопштенија1 ден

Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

На денешниот народен митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека на отворена сцена се гледа една непринципиелна...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Невозможно е да се користат ракети Томахавк без директно учество на американската војска, а тоа би ги ескалирало односите меѓу Русија и САД

Путин коментираше за можноста САД да испорачаат крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ на Украина. „Ова оружје нема да ја...

Македонија1 ден

Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила...

Македонија1 ден

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по...

Македонија1 ден

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија1 ден

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...