Сцена
Дејвид Боуви кремиран во САД без присуство на семејството и пријателите
Далеку од очите на јавноста и во отсуство на семејството и пријатели, во САД е кремиран неодамна починатиот британски музичар Дејвид Боуви, бидејќи неговата последна желба била да не биде организиран негов погреб.
Кремирањето, според изворите на електронското издание на британскиот весник The Daily Mail, бил извршено „набрзо по смртта“ на Дејвид Боуви. Тој почина во кругот на семејството на 10-ти јануари, по шестгодишната борба со ракот на црниот дроб.
Музичарот почина во својот апартман во њујоршки Менхетен, каде што живееше последните две децении, и медиумите претходно претпоставуваа дека ќе биде погребан во Њујорк, но без присуство на јавноста.
И покрај тешката болест, која била проследена со бројни срцеви удари, Боуви последната година активно работеше на својот последен албум „Blackstar“, кој беше објавен неколку дена пред неговата смрт, на 8-ми јануари, точно на неговиот 69-ти роденден.
„Тој само сакаше да замине без врева“, рекол соговорникот на весникот, додавајќи дека Боуви на пријателите им велел оти сакаат „да го паметат само по добрите времиња и неговата музика“.
За својата последна волја им соопштил на неговата 60-годишна сопруга Иман, поранешен врвен модел, и на другите членови од семејството. „Од многу причини нема потреба да се одржи комеморација, погребна церемонија, за да биде запаметен Боуви, тука е неговата музика“, го цитира весникот еден од пријателите на славниот рокер. „Тој едноставно само сакаше да замине без врева, без многу шоу и фанфари. Тоа е целосно во неговиот стил“, додава.
„Последниот албум на Дејвид стана и неговото големо проштевање со обожавателите“, додал пријателот.
Портпаролот на компанијата „Creative Agents Agency“, којашто го претставуваше Боуви, изјавил дека нема да ги коментира информациите за кремирањето на музичарот.
Претходно беше објавено дека на 31-ви март во познатиот њујоршки „Карнеги хол“ ќе се одржи вечер во чест на починатата ѕвезда под наслов „Музиката на Дејвид Боуви“, на којашто ќе настапат неговите славни колеги како Мик Џегер, Пол Маккартни и Елтон Џон, кои ќе изведуваат негови композиции.
Досега се продадени повеќе од 136 милиони примероци од неговите албуми, со што влезе на листата на десетте најуспешни уметници во историјата на британската поп музика. Боуви, исто така, е добитник на многубројни музички награди, меѓу кои и најпрестижните Греми. Највлијателното музичко списание Rolling Stone го стави на 39-то место на листата од „100 најголеми изведувачи на рок музиканта на сите времиња“ и на 23-то на листата „100 најголеми вокалисти на сите времиња“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023
Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
- Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
- Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
- Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Култура
Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора
Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.
Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.
Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.
Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.
„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.
ПР
Култура
МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија
Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.
Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.
Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.
„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.