Европа
Хамонд е убеден во реформите во ЕУ

– Шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд
Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во вторникот изјави дека е сигурен дека ќе успее да го договори извонредно важниот пакет реформи во Европската унија откако ги посети сите главни градови во регионот и истакна дека соговорниците од земјите членки на ЕУ му рекле дека сакаат Велика Британија да остане во блокот.
Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во вторникот изјави дека е сигурен дека ќе успее да го договори извонредно важниот пакет реформи во Европската унија откако ги посети сите главни градови во регионот и истакна дека соговорниците од земјите членки на ЕУ му рекле дека сакаат Велика Британија да остане во блокот.
Британскиот премиер Дејвид Камерон вети дека повторно ќе преговара за британското учество во Европската унија пред референдумот за членството најдоцна до крајот на 2017 година, доколку неговата конзервативна партија во мај годинава повторно победи на парламентарните избори.
Филип Хамонд, кој ја предводи британската дипломатија од минатото лето, доби задача да ги посети сите 27 земји членки на ЕУ пред претстојните избори и да пронајде заеднички јазик во областите во коишто Лондон би сакал да види промени, како што е на пример враќањето на поголемите овластувања на националните парламенти и поголемата економска конкурентност на ЕУ. Досега ги посети престолнините на 18 земји членки на ЕУ, меѓу кои и Франција, Германија, Италија, Полска, Романија, Данска…
„Имајќи предвид дека мина извесно време откако се впуштив во ова што го работам, можам да кажам дека ми е јасно дека ќе успееме да го договориме извонредно важниот пакет реформи“ во Европската унија, изјави Хамонд пред парламентарната комисија во вторникот.
„Многу многу јасно ја слушнав пораката – луѓето ја сакаат Британија во ЕУ од сопствени себични причини. Ние сме важен елемент во многу чувствителната рамнотежа на власта во рамките на ЕУ и од различни причини секој стравува од потенцијалното британско заминување“, изјави Хамонд, кого го сметаат за жилав евроскептик, додавајќи дека британската цел за пакетот реформи со кои ќе се согласат сите 28 земји членки, и истакнува дека Унијата претходно покажувала дека може да биде „многу флексибилна организација“ ./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Тој повика на партнерските земји да им биде дозволено да соборуваат беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор.
„Путин само продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот. Колку подолго не наидува на никаква сила како одговор, толку поагресивен станува. Слабиот одговор сега ќе ја провоцира Русија уште повеќе, а потоа руските ракети и беспилотни летала ќе летаат уште подалеку во Европа.
Оваа ситуација покажува дека конечно мора да се донесе одлука за да се дозволи користење на партнерските капацитети за воздушна одбрана во соседните земји за пресретнување беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор, вклучително и оние што се приближуваат до границите на НАТО. Украина долго време предлага таков чекор“, напиша Сибиха на Икс.
Russian drones flying into Poland during the massive attack on Ukraine show that Putin’s sense of impunity keeps growing because he was not properly punished for his previous crimes.
Putin just keeps escalating, expanding his war, and testing the West. The longer he faces no…
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) September 10, 2025
Руските беспилотни летала и ракети постојано го нарушуваат воздушниот простор на Полска и другите членки на НАТО за време на нападот врз Украина, но до денес нема потврден случај на локални одбранбени сили што собориле руски дрон или ракета.
фото: принтскрин
Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.