Контакт

Daily news

Михајловски: Да престанеме да се етикетираме со предавници и патриоти и да ја согледаме реалноста

Објавено пред

Александар Михајловски, кој е еден од предводниците на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, во своето интервју за информативниот портал „Фактор“ вели дека гледа можност за решавање на многу проблеми како во самата партија така и во однос на политичкиот дијалог во Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

Прашан за тоа каков е неговиот став за Законот за употреба за јазиците за кој дел од опозиционерите тврдат дека се овозможува двојазичност, па дури и фаворизирање на албанскиот јазик над македонскиот, Михајловски во интервјуто се задржува на политичките аргументи во однос на законот.

„Мене искрено ми пречи дискусија во правец ако го поддржуваш законот дека си пријател на Албанците и обратно ако не го поддржуваш дека не си. Ние треба да изградиме хомогено општество во кое секој ќе се чувствува свој на своето, во кое ќе се даде акцент на индивидуалните права на секој граѓанин. Во таа смисла треба да расчистиме самите со себе дали сакаме граѓанска држава во која секоја индивидуа ќе ги ужива најшироките права или ќе градиме бинационална држава во која секогаш ќе има мнозинство и малцинство. Токму затоа јас сметам дека овој закон е на штета на албанскиот народ долгорочно земено. Ако сакаме да градиме инклузивно општетство, македонскиот јазик како службен јазик треба да биде врска на сите граѓани“, вели Михајловски во интервјуто за „Фактор“.

Тој исто така зборува и за процесот на решавање на спорот за разликите околу името со Грција, при што наведува дека треба да биде јасно оти нашиот идентитет не може никој да ни го промени, но и дека треба потрезвено согледување на реалноста.

„Ние сме се родиле како Македонци и така ќе останеме. Идентитетот е внатрешно чувство и се наследува од родителите. Затоа јас немам дилема, ниту имам страв дека некој може да ни го промени идентитетот. Второ, Република Македонија мора да влезе во НАТО и ЕУ. Секој одговорен политичар треба да работи да обезбеди долговечност на македонската држава и економски прогрес за граѓаните. Затоа емоциите треба да ги оставиме на страна и да престанеме да се етикетираме со предавници и патриоти и да ја согледаме реалноста. Треба проблемот да се надмине час поскоро на достоинствен начин во кој нема да има победници и поразени. За мене лично позагрижувачко е однесувањето на Република Грција и дали од нивна страна има искрена желба да се надмине спорот“, смета Михајловски.

Во однос со политиките на новата влада, Михајловски истакнува дека не треба нејзините постапки да се гледаат од аспект „црно и бело“. Тој смета дека на меѓународен план неспорно има поместување во позитивна смисла од претходниот период. Наведува дека сè уште не може да се каже дали тоа ќе резултира со позитивен резултат во смисла на ЕУ и НАТО интрегациите, но, како што вели, сепак е добро што мрднавме од мртва точка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија11 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија13 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија13 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија14 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет14 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија15 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија16 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија17 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија17 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија17 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет17 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет18 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет19 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет20 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет20 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет20 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа20 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...