Европа
Земан ги повика бегалците да ги почитуваат правилата или да се вратат дома
Чешкиот претседател Милош Земан го посети во четвртокот селото Вишни Л’хоти на североистокот од земјата, каде што локалното население повеќепати досега протестираше против намерите на властите да подигнат камп за прием на имигрантите во нивното соседство, и притоа на бегалците им порача дека мора да ги почитуваат локалните традиции и правила или да се вратат во своите татковини.
Средбата на чешкиот претседател со локалното население била посветена на приливот на бегалците од Блискиот исток и Африка во Европската унија, пишува прашкиот дневен весник Hospodarske noviny. Притоа Земан го потврдил својот цврст став во однос на илегалните имигранти.
„Никој не ве повикал тука. Ако веќе сте дошле тука, однесувајте се според нашите правила, како што ние го правиме тоа кога се наоѓаме во вашите земји. Доколку тоа не ви се допаѓа, тогаш бегајте си дома“, порачал чешкиот претседател обраќајќи им се на бегалците кои се веќе згрижени во кампот.
Весникот забележува дека Земан избегнал да го посети самиот камп, во кој во моментов се наоѓаат 240 луѓе, од коишто на повеќето им е одбиено барањето за азил во Чешка, и очекуваат да бидат депортирани. „Јас не ги посетувам странците, ги канам на аудиенција во Прашкиот замок“, резиденцијата на чешките претседатели, рекол Земан.
Од друга страна, неговиот портпарол Јиржи Овчачек, коментирајќи го откажувањето на претседателот на посетата на бегалскиот камп, изјавил дека „господинот претседател, го интересираат, во прв ред, ставовите на чешките граѓани“.
До август годинава на територијата на Чешка се влезени 6.092 странски државјани, што е двојно повеќе отколку за целата претходна 2014 година. Повеќе од 95 отсто од имигрантите ја сметаат Чешка за транзитна земја на патот кон западноевропските земји, во прв ред Германија и Шведска, кои имаат поблаги закони за азил и каде што социјалната помош е многу поголема, но постојат и големи муслимански заедници./крај/мф/сн
Извор: ČTK
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

