Daily news
(Видео) Заев задоволен од средбите во Давос: Западен Балкан создава сплотена иднина во ЕУ и НАТО
„Привршува Светскиот економски форум во Давос. Впечатокот е јасен. Светот е глобално село, а неговите лидери знаат дека треба да се поврзат уште повеќе и заедно да ги направат локалните средини подобро место за живеење. Форумот во Давос е многу значен за Република Македонија и особено за граѓаните на нашата земја. По повеќегодишна изолација, политичките лидери на Македонија и на регионот повторно и заедно имаат свое присуство и глас на глобалната економска и политичка сцена. Нашиот став тука е слушнат: Западен Балкан создава сплотена иднина во ЕУ и НАТО“, оцени претседателот на Владата, Зоран Заев, на крајот од Светскиот економскиот форум во Давос, оценувајќи го учеството на македонската делегација како плодотворно и успешно.
Според него, во Давос земјите што се во развој имаат уникатна можност да учат и да добијат инспирација од светските економски лидери, односно од оние што го трасираат патот на развојот на светот.
„Во сите работни средби што ги имавме со министерот за надворешни работи добивме силна поддршка за реформите што ги спроведуваме во Македонија. Политичките пријатели на Македонија и потенцијалните бизнис-инвеститори ни упатија јасна порака: „Реформите се клучни за економски просперитет!“ Интеграцијата на Македонија надвор, реформите и економските мерки дома, се клучни за развој и за внатрешен напредок на нашата држава. За развојот на Македонија, мора да работиме и овде во Давос и насекаде во светот, но и во Скопје, и во Тетово, и во Штип, и во Босилово и во Арачиново. Како што истакнуваат светските лидери, мора да внимаваме на развојот на локалните заедници. Мора да вложуваме во вештините на луѓето и да гарантираме безбедна работа дома. За тоа се зборува овде во Давос. За тоа ќе работиме и кај нас дома“, изјави премиерот.
Според Заев, охрабрувања и интереси за поддршка на Македонија стигнале на средбите со Европската банка за обнова и развој, со гигантите „Мајкрософт“ и „Филипс“, со Борисов, Вучиќ и Брнабиќ, Ципрас, Тачи, Пленковиќ, Церар и со еврокомесарот Хан.
„Се сретнав и со Џерард Кушнер, советникот на претседателот Трамп, со кој имавме заедничка вечера. Исто и со Ерик Шмит, директорот на „Алфабет“. Се сретнав и со министерот за економски развој на Русија, господинот Максим Орешки. Се сртетнав со Биљал Буто Заради, претседателот на Народната партија на Пакистан, со премиерот на Сомалија, господинот Хасан Али Каир. Се сретнав и со Џерад Коен од „Гугл Џиксо“, со потпретседателот на белгиската влада, со директорката на Светската банка, Кристелина Ѓеорѓиева, и со многу други пријатели на Македонија“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.