Во просториите на Секретаријатот за европски прашања денеска во 9:30 часот заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе одржи работен појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во земјава. На средбата се поканети амбасадорите на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Црна Гора и Република Србија.
Средбата се одржува на само еден ден од излегувањето на Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан, што ќе биде и глава тема на состанокот, каде што се очекува да се отворат и другите теми од регионален интерес, како што се: следниот циклус на извештаи на Европската комисија за земјите аспиранти за членство, напредокот во меѓусебната соработка и добрососедските односи, потенцијалите за соработка во рамките на Берлинскиот процес итн.