Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Драмски протекува од 90-тите, СДСМ ги укина парите за реновирање

Објавено пред

Во Драмскиот театар тече вода кога има дожд уште од раните 90- ти години до сега од причина што се наоѓа во стари дотраени бараки. Во време на ВМРО-ДПМНЕ (1980-2002) овој театар еднаш веќе беше реновиран, но станува збор за објект кој кога е граден бил замислен да биде од времен карактер, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод Фејсбук статусот на Сашо Тасевски за течењето вода во Драмскиот театар.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„За разлика од сите други влади, вклучувајќи ја и владата и партијата СДСМ која го назначи за ВД директор, владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски и Елизабета Канческа Милеска како министер за култура подготви идеен а потоа и главен проект за изградба на нов, модерен театар од цврста градба, на местото на старите одамна дотраени бараки на Драмски театар, обезбеди пари во буџетот за 2017та за почеток на градба, објави оглас за изведувач, избра изведувач и се чекаше да заврши сезоната на театарот (мај), и во јуни 2017та да почне градбата на новиот театар. Исто така обезбеди место каде во меѓувреме Драмскиот театар ќе ги одржува преставите додека не заврши градбата на новиот театар и ги издржа и се справуваше со бесмилените протести на дел од вработените во Драмски кои бараа да не се гради нов објект бидејќи биле навикнати на ,,духот и миризбата“ на постоечкиот. Случајно тоа беа актери кои „сосема случајно“ се јавни поддржувачи на СДСМ и на Шарените револуционери“, се вели во соопштението.

Според партијата, веднаш откако на 1 јуни 2017 година власта ја презеде СДСМ на чело со Заев, Алаѓозовски и Сашо Тасевски во Драмски, се направи ребаланс со кој парите предвидени за нова зграда на Драмски театар, ги избришаа во буџетот за 2017-та и не предвидоа пари барем за реновирање на стариот, а и во буџетот за 2018-та не предвидоа пари за нов театар ниту за реновирање на стариот.

„Како и да е проектот стои, па можеби како и за Клинички центар по година две СДСМ ќе го смени своето мислење. Ако почнеше лани  во јуни да се гради, новиот театар ќе беше готов во првата половина на следната 2019-та година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Колку вреди животот во Македонија – со две години треба да и запалам свеќа на сестра ми и да и речам биди задоволна, порача сестрата на загинатата Теодора

Судот во Тетово пресуди две години затвор за Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Нејзинита...

Македонија15 часа

29-годишниот Aлександар е 61. жртва на пожарот: имал 35 отсто изгореници од трет степен

Александар Гавриловски, роден на 7 март 1996 година, е 61. жртва на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Тој почина денес...

Македонија16 часа

Потребни се итни акции за спас на Преспанското Езеро, клучна соработката со владите во Грција и Албанија

Првиот вицепреммиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на советодавната мисија „Рамсар“, предводена...

Македонија17 часа

Очигледно, направена е некаква грешка, рече Мицкоски за царината од САД, очекува бргу да се коригира

Премиерот Христијан Мицкоски очекува бргу да се коригира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон Македонија од 33 отсто....

Македонија17 часа

Се зголемува капитацијата за матичните лекари, за гинекологија и за стоматологија

Владата донесе одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори по општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април...

Македонија18 часа

Меџити: Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ

Арбен Таравари треба да расчисти со дилемите, смета неговиот коалициски партнер, Изет Меџити. За односите меѓу нив, во рамки на...

Топ18 часа

Уапсен 19-годишник по сообраќајната несреќа во Скопско каде загина малолетничка

Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско,...

Топ19 часа

Тетовец загина во сообраќајна несреќа на патот Маврово – Дебар

Вчера во 17:50 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар поточно во местото викано Скудрински...

Македонија21 час

Најстудено утрово на Попова Шапка, најмногу снег во Крушево

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...

Македонија22 часа

Партијата Левица: На локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Партијата Левица ја одржа 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која беа донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните...

Свет22 часа

Милијардер близок до Трамп: Не е тоа за што гласавме

Менаџерот на Хеџ Фонд, Бил Акман предупреди дека царините на Трамп би можеле да го доведат светот во „економска нуклеарна...

Европа22 часа

Шефот на НАТО за мировниот договор: Топката е јасно на теренот на Русија

Русија веројатно нема да може да им диктира услови на САД за прекин на огнот во војната во Украина, но...

Свет23 часа

(Видео) Хамас го ракетира југот на Израел

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека истрелала ракети врз градовите во јужен Израел како одговор на „израелскиот масакр на цивили“...

Свет23 часа

(Видео) Трамп: Не можам да ви кажам што ќе се случи со пазарите, понекогаш треба да пиете лекови

Американскиот претседател Доналд Трамп рече „понекогаш мора да земете лекови“ на прашањето на новинарите за турбуленциите на светските пазари на...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Понеспособна влада сме немале никогаш досега, ќе се бориме за доброто на државата

СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани, кажа вечерва на...

Македонија2 дена

ЦУК: Планинар од Скопје поради лошите временски услови изгубил ориентација на Кожуф, за брзо е пронајден

Ефикасно и брзо е пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф, информираат од Центарот за управување со кризи. Во 13:15...

Македонија2 дена

Таравари бара отворање на истрагите за Дурмо Турс, Беса Транс и модуларна, но и целосна истрага за Кочани без влијанија

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, на денешниот партиски состанок донесе резолуција со која повика на независна и транспарентна истрага...

Македонија2 дена

Уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани, рече Мицкоски за царините на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, за...

Македонија2 дена

(Видео) Приведен прилепчaнец поради видеото со пукањето од балкон, се трага по уште едно лице

Приведен е 51-годишен прилепчанец од селото Црнилиште Општина Долнени поврзан со видеото со пукањето споделено на „Фејсбук“. МВР трага и по...