Контакт

Daily news

Македонските кроасани 4U хит на најголемиот саем за слатки во Германија

Објавено пред

Македонската компанија „Жито пром“ годината ја почна со учество на еден од најголемите саеми за слатки во светот ISM, кој се одржа во Келн, Германија, а главниот производ со кој се претставија беа кроасаните 4U. Тие може да се најдат во сите поголеми маркети во земјава, но се продаваат и во Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Италија, Холандија, Норвешка, Катар и Бугарија.

dobivaj vesti na viber

– Една од нашите цели, остварувањето нови контакти на саемот, успешно ја спроведовме. Ни пријдоа заинтересирани, потенцијални партнери од речиси секој дел од светот, поточно од околу 50 земји. Се вративме со неколку потврдени соработки и со уште повеќе во најава. Очекуваме дел од овие контакти да преминат во успешни соработки – велат од „Жито пром“.

На манифестацијата, која траеше четири дена, штандови имаа 1650 изложувачи од целиот свет, а ја посетија повеќе од 38.000 професионалци од оваа сфера меѓу кои и производители, дистрибутери, претставници и сопственици на синџири маркети од различни земји итн.

– Го нарекуваат најслаткиот саем на светот и земајќи го предвид бројот на компании кои учествуваат може да се каже дека името е комплетно заслужено. Предизвик е да се истакнеш во морето на понуди, но кога имаш добар производ како што се кроасаните 4U и креативност тогаш секогаш може да се постигне посакуваниот резултат – објаснува менаџерскиот тим на компанијата „Жито пром“ од Гевгелија.

Иако претставувањето на саемот во Келн е одличен почеток на промотивните активности за годинава, компанијата планира уште многу новитети во 2018.

– Ќе биде напорна година со големи промени и крупни чекори. Очекуваме отворање  нови пазари и пласман на производи во нови земји со кои дојдовме во допир преку саемот. Втората фабрика за производство на кроасани е завршена и веќе се тестираат новите линии, се засилува тимот што стои зад целата приказна и напорно се работи сето ова да се доведе до регуларно функционирање. Има идеи и за нова линија на производи и вкусови на кроасани – посочуваат од компанијата.

Кроасаните 4U засега се произведуваат со вкус на какао, јагода, ванила и кајсија и со мешаните вкусови на какао и ванила и вишна и ванила. Сите вкусови ги има во единечна варијанта, како и во фамилијарно пакување.

– Тајната на кроасаните се крие во внимателно подготвените парчиња со природно кисело тесто наречено мајка, тоа ја зазема главната улога во процесот на печењето на кроасаните. 4U имаат и ИСО 22000 сертификат доделен од една од водечките институции во секторот на безбедност на храната TUV Норд, а се во процес на комплетирање на ИФС, широко применет светски стандард за контрола на безбедноста на храната и степенот на квалитет на производителот. Во моментов работиме и на нови производи како кроасанот со двојно повеќе чоколадо и премиум варијантата со лешник полнење. Има и некои поинтересни идеи и планови за развој на нови вкусови и типови на кроасани годинава. Имаме најавено соработки со странски консултанти, што ќе ни помогнат во развојот на оваа нова палета – посочуваат од „Жито пром“.

Компанијата е сместена во близина на Гевгелија брои повеќе од 40 вработени. Долгорочниот план на менаџерскиот тим е насочен кон освојување на странските пазари, како и на зацврстување на позицијата на домашниот пазар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 минути

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа1 час

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион1 час

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет2 часа

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион2 часа

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките се драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија13 часа

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија15 часа

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион15 часа

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија15 часа

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија17 часа

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...

Македонија17 часа

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: Власта врши притисок врз судството

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот упати сериозни критики за...

Македонија20 часа

Ќе се гласа на 11 јануари: Гаши го потпиша актот за одржување на повторените избори за градоначалници во четирите општини

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша актот за одржување на локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште...

Македонија20 часа

Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото

Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична...

Македонија22 часа

Почна пријавувањето за електронски ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Сè беше чисто и средено како што и прилега

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски биле во вечерна обиколка...

Македонија23 часа

Го турнале на земјата, го клоцале, го ограбиле, па се обиделе да му го скршат мобилниот телефон: eден осомничен за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член...

Европа1 ден

Што по падот на Покровск?

Додека Русија фокусира огромни сили врз Покровск во обид конечно да го освои рударскиот град во источна Украина, расте неизвесноста...

Регион1 ден

Хрватски навивачи нападнати со шипки во Црна Гора

Група хрватски навивачи вчера вечер беа нападнати на магистралниот пат Цетиње – Будва. Според неофицијални информации од Управата на црногорската...