Контакт

Надворешна политика

Иванов – Акдоган: Македонија високо ја цени поддршката од Турција за членството во НАТО

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во понеделникот оствари средба со вицепремиерот на Владата на Турција, Јалчин Акдоган со кого разговараа за традиционално пријателските билатерални односи меѓу двете земји, и континуираниот политичкиот дијалог на сите нивоа.
 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во понеделникот оствари средба со вицепремиерот на Владата на Турција, Јалчин Акдоган со кого разговараа за традиционално пријателските билатерални односи меѓу двете земји, и континуираниот политичкиот дијалог на сите нивоа.

 

Честитајќи го успехот на парламентарните избори во Турција, претседателот Иванов изрази уверување дека и со новата влада соработката не само што ќе продолжи, туку и ќе се интензивира во сите области од взаемен интерес.

На средбата беше поздравен нагорниот тренд што го бележи економската соработка, при што претседателот Иванов потенцираше дека и натаму постојат неискористени потенцијали од двете страни за интензивирање на економската соработка. Во тој контекст беа разгледани можностите за инвестиции во повеќе области, како што се културата, образованието и туризмот, со акцент на развојот на културно – историскиот туризам.

Иванов и Акдоган разменија мислења за актуелните случувања во двете земји, како и за состојбите со мигрантската криза во регионот и во Европа. Во однос на надворешно-политичките приоритети на Македонија, македонскиот претседател истакна дека нашата држава високо ја вреднува поддршката од Турција во однос на интеграцијата на Македонија во НАТО, и изрази уверување дека и во иднина Турција ќе продолжи да биде силен промотор на македонските евроатлантски аспирации.

Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка во рамките на Алијансата на цивилизациите и уверување дека традицијата на почит на различностите и натаму ќе се афирмира. Воедно, Иванов упати честитки за отворањето на канцелариите на ТРТ и новинската агенција Анадолија во Македонија, со надеж дека истите ќе придонесат кон подобро запознавање на јавноста со тековните настани.

Македонскиот претседател искажа благодарност за поддршката од Владата на Република Турција и Турската агенција за соработка и координација – ТИКА, преку реализацијата на бројни проекти во Република Македонија. Претседателот Иванов изрази посебна благодарност за поддршката за отворање на првиот Ургентен центар на Универзитетската клиника за детски болести во Република Македонија, што се спроведе под покровителство на неговата сопруга, Маја Иванова. Во таа насока, беа разменети мислења околу можностите за проширување на соработката со ТИКА и во наредниот период./крај/мф/бс

 

 

 

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Свет40 минути

Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот кога...

Свет45 минути

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа се зголемил тројно од март

Само во градот Газа, речиси една третина од децата се неухранети, напиша Филип Лазарини, раководител на Агенцијата на ОН за...

Свет1 час

Анализа: Путин дури и не сака да го изговори името на Зеленски; „Ќе се сретне со него под еден услов“

Презирот на претседателот Владимир Путин кон својот украински колега е толку длабок што речиси никогаш не го кажува неговот име....

Македонија14 часа

32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член...

Македонија15 часа

(Видео) Специјалци од единиците „Волци“ и „Тигри“ направија пресека за да не се пренесе пожарот од Јасен

Пресеката, поточно правење бришан простор за да не се пренесе пожарот преку срт, целосно ја завршија припадниците на Специјалната антитерористичка...

Македонија16 часа

СДСМ Прилеп: Коруптивните бизнис зделки на функционерите на ДПМНЕ ги оставија прилепчани без полагања за возачка дозвола

„Поради нерегуларности во работењето, МВР го затвори Испитниот центар „Супер возач“, со што жителите на Прилеп и другите општини од...

Македонија17 часа

Итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите дека се правеле непотребни операции за профит

Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што излегоа во јавноста дека се правеле...

Македонија19 часа

Мицкоски: Треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет

Ова е втора арбитража што оваа Влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот што следува, вели претседателот...

Македонија19 часа

За да нема одење на партиски митинзи со службени возила, Владата апелира сите институции што не го почитуваа рокот 18 август да поднесат пријави

Непослушните државни институции, кои до 18 август не ги пријавија службените возила, денес од Владата добија уште еден апел да...

Македонија20 часа

(Видео) Митева: Од 8 активни меѓународни арбитражи, оваа Влада успешно заврши 3 во полза на Македонија

Од осум активни меѓународни арбитражи оваа Влада успешно заврши три во полза на Македонија, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева....

Македонија21 час

Царинaта спречи опасен шверц на илјадници лекови, против лице од Косово поднесена кривична пријава

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот...

Свет21 час

Трамп: Не грижете се, нема да има трета светска војна

Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин....

Македонија22 часа

Судир за српскиот капитал: „Влен“ и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал...

Македонија23 часа

Од шумскиот пат кон езерото се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија23 часа

Антикорупциската брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во регистарот на возилата на државните органи, органите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет24 часа

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не бил наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку, единствено,...

Свет1 ден

Што би значел пакт сличен на член 5 за Украина?

Безбедносните гаранции за Киев се клучно прашање во напорите да се прекинат борбите во текот на тековната руска инвазија врз...

Свет1 ден

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди...

Свет2 дена

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...