Надворешна политика
Груевски – Акдоган: Македонија и Турција со одлична политичка и економска соработка
Премиерот Никола Груевски во неделата оствари средба со потпретседателот на Владата на Турција, Јалчин Акдоган, на која беа поздравени одличните односи меѓу двете земји на билатерално и мултилатерално ниво, изразувајќи задоволство од постојаниот нагорен тренд на развој на истите кој се карактеризира и со редовни средби на високо ниво.
Соговорниците акцентираа дека помеѓу двете земји постои цврста соработка која се одвива во духот на пријателството, меѓусебното почитување и разбирање и се одвива во повеќе сфери како што е економијата, трговската размена, образованието и јакнењето на културните врски меѓу двете држави.
Груевски истакна дека добрата соработка со Турција на политичко ниво ја следи и позитивен нагорен тренд на економска соработка, при што додаде дека Македонија е отворена за секаков вид на проекти кои што ќе значат јакнење на трговската размена и збогaтување на инвестициската активност. Тој посочи дека во Македонија постојат позитивни примери на турски компании кои успешно работат и дека државата е подготвена таквиот вид на соработка да се продолжи и зацврсти преку искористување на поволностите кои ги нуди добрата бизнис клима.
Вицепремиерот на турската Влада Акдоган ја истакна посветеноста на турската Влада за мотивирање на инвестициската активност на турските компании во нашата земја, изрази задоволство од економската соработка и ја истакна заложбата за зголемување на економската размена до ниво од една милијарда долари.
Премиерот Груевски се заблагодари и за поддршката која Македонија ја добива од Турција во врска со нашата интеграција во НАТО. Тој ја истакна и посветеноста на Владата за реализација на реформи за унапредување на стандардите и можностите во сите општествени сфери.
Акдоган истакна дека Турција целосно ги поддржува евроатлантските интеграциски процеси на Македонија и ќе продолжи да биде активен лобист во остварувањето на овие стратешки цели.
На средбата стана збор и за унапредување на соработката во областа на културата и за отворањето на културните центри на Република Македонија во Истанбул и на Република Турција во Скопје, при што беше констатирано дека процедурите за истите се во завршна фаза. Беше поздравено и отворањето на регионалните центри на турската новинска агенција Анадолија и на Турската радио телевизија во нашата земја.
Двајцата соговорници разговараа и за предизвикот со илегалните мигранти при што разменија искуства и информации за начините на обезбедување на зголемена ефикасност во третирањето на овој глобален проблем, при што беше истакнато дека за оваа тема е потребен координиран одговор од страна на целата меѓународна заедница. Двете страни разговараа и за продолжувањето на соработката во областа на образованието и здравството./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.