Контакт

Региони

Изградена нова спортска сала во ОУ „Луиѓ Гуракуќи“ во Желино

Објавено пред

Основното  училиште „Луиѓ  Гуракуќи“ во Желино, денес доби нова спортска сала.

dobivaj vesti na viber

На свеченото пуштање во употреба на спортскиот објект, присуствуваа  претседател на ДУИ Али Ахмети  и министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу. Во оваа пригода Лутфиу истакна дека  продолжува проектот на Владата на Република Македонија и на Министерството  за образование и  наука за  изградба на 145 училишни спортски сали во повеќе  училишта во земјата.„Ние денес исполнуваме една  голема желба и потреба на учениците од оваа училиште, и како министерство потврдуваме дека стоиме  на страна на учениците и училиштата со цел да се создадат современи услови  како што заслужуваат сите граѓаните на Република Македонија“, рече Лутфиу.Новата спортска  сала е со површина од 1300 метри  квадратни,  со трибина и опремена со реквизити за играње фудбал, одбојка, ракомет, кошарка и  гимнастика.„Во соработка со општина Желино, ветениот проект предводен од страна на градоначалникот Фатмир Изаири, успешно се реализира и со предвидената динамика“, рече Лутфиу. Министерот потенцираше дека досега се изградени и опремени 55 училишни спортски сали, од кои 25 се во средните  училишта, 30 во основните, вклучувајќи ја и спортската сала на основното училиште „Луиѓ  Гуракуќи ” во Желино. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ57 минути

МВР со детали за пожарот во Злокуќани: опожарени шест куќи, малолетник е повреден, а неколкумина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Вчера, во 20 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Скупи во Скопје настанал пожар, во кој биле...

Македонија1 час

До крајот на август ќе бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево – Охрид, целосно во употреба во 2027 година

За речиси еден и пол месец, премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот...

Топ1 час

Загина маж од Демирхисарско: со возилото излетал надвор од патот

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино,...

Македонија5 часа

„Пожарите беа цел на група лица што не ѝ мислат добро на Македонија, СДС, освен што е некрофилски, тој е и пиромански“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС...

Свет5 часа

Трамп: Путин зборува убаво, а потоа бомбардира сè навечер, испраќаме „Патриоти“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати ракети за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, велејќи дека тие се потребни...

Македонија6 часа

„Охридско лето без албанска култура, уште еден доказ за систематска исклученост“, велат од ДУИ

„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура...

Европа6 часа

(Видео) Авион од Пула слета во Лондон: кога повторно полета, се урна и се запали

Помал авион се урна и се запали на аеродромот во Лондон Саутенд вчера попладне. Сведоците ја опишаа експлозијата како „огнена...

Свет7 часа

(Видео) Двајца мртви и повеќе повредени во пукање во Кентаки

Две лица беа убиени, а неколку други беа ранети во серија пукотници околу градот Лексингтон вчера, објави гувернерот на Кентаки,...

Европа7 часа

ЕУ блиску до договор за санкции против Русија, се чека официјална потврда

Претставниците на Европската Унија се блиску до договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, со кој ќе се намали ограничувањето...

Свет7 часа

Пропустите на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Трамп, утврди Сенатот

„Неприфатливи пропусти“ од страна на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Доналд Трамп пред една година, утврди Комитетот...

Македонија8 часа

Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица, се чека половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Топ17 часа

11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало низ дупка во оградата кај Прилеп

11-годишно дете и маж се здобиле со тешки телесни повреди, откако попладнево нивниот автомобил излетал од експресниот пат Прилеп–Градско и...

Свет20 часа

Зеленски: 1.800 дронови и 1.200 бомби врз Украина за една недела, Русија го засилува теророт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ескалација на теророт врз цивилното население, откривајќи дека во последната недела врз...

Топ21 час

Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед

56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро,...

Македонија21 час

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и годинава беше дел од манифестацијата „Галичка свадба“, каде што одблизу ги проследи свадбарските обичаи...

Македонија23 часа

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот од трагичниот настан што се случи на 12 јули 2025 година...

Економија23 часа

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој...

Македонија1 ден

Петрушевски: Приведени осомничени за подметнување пожари, дел поврзани со опозицијата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека последните пожари што ја зафатија околината на Скопје, според досегашните информации, не биле...

Македонија1 ден

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со...

Македонија1 ден

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа...