Контакт

Daily news

Федерацијата на планинарските спортови објави извештај што се случувало на Кајмакчалан

Објавено пред

Федерацијата на планинарските спортови објави детален извештај од командантот на тимот за брз одговор за заштита и спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување за тоа што се случувало на Кајмакчалан, каде што викендов младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски ги загубија животите.

dobivaj vesti na viber

Во продолжение го пренесуваме извшетајот интегрално: 

 

Хронологија на случувањата

10.02 2018:
01 часот поаѓање на автобусот од Скопје. (мк време)
9 часот (грчко време) пристигнување во ски-центарот Ворас.
9.30 поаѓање на групата
10 часот враќање на I група планинари (23)
11 часот поделба на колоната на две групи
11.15 часот I-та група е на врвот
11.20 часот групата се враќа назад
11.30 средба на групата што се симнува со групата што се качува. Наредба втората група да го прекине искачувањето поради влошените временски услови и да се вратат заедно назад. Наредбата е издадена од водичот Зоран Костадинов лично на водичот на втората група.
11.35 часот двете групи почнуваат заедничко симнување кон ски-центарот, освен 7 планинари кои се одвојуваат од групата и самоиницијативно продолжуват кон врвот, стигнуваат до мавзолејот. Во тој момент е воспоставен радиоконтакт помеѓу водичот Зоран и Александар. Александар добива изричита наредба од Зоран да тргнат назад што побрзо.
Пет члена од оваа група се сретнуваат со остатокот од групата и со водичот Зоран на 50 метри од контролната ски-куќичка. Увидувајќи дека недостасуваат двајца планинари, водичот придружуван со уште двајца планинари (Д.К. и Б.П) се враќаат назад кон врвот, пристигнуваат на врвот и ја пребаруваат околината обидувајќи се да воспостават радиоконтакт и телефонски контакт. Пребарувањето на тренот трае 30-40 минути. Под претпоставка дека двајцата планинари (К.В. и А.М.) се вратени назад, групата што ги пребарува се упатува надолу кон центарот.
13 часот групата што пребарува пристигнува во ски-центарот, констатира дека недостасуваат двајца планинари и ја алармира спасителната служба во центарот.
13.10 часот два ратрака од центарот придружувани во едниот со водичот Зоран и во другиот со Дејан се упатуваат кон врвот по потрага.
Ратракот придржуван со Дејан го пребарува теренот до 14.30. По нивното враќање во центарот, Дејан воспоставува телефонски контакт со Калина и Александар, кои му кажуваат дека се добро и дека се под некоја карпа во заветрина. За ова по радиоврска од центарот е информиран ратракот во кој се наоѓа Зоран и почнува потрага на теренот од каде што се претпоставува дека има карпа.
17 часот потрагата со ратракот е прекината и тимот со Зоран се враќа во ски-центарот. Во меѓувреме 1 ратрак во кој е Дејан повторно трнува во потрага во обид да ги лоцира според остварениот контакт. Телефонски контакт помеѓу овој ратрак и Алексадар и Калина се одржува сè до 19 часот.

АНАЛИЗА И ИЗВЕШТАЈ ЗА ЗИМСКОТО ИСКАЧУВАЊЕ НА КАЈМАКЧАЛАН 2018

1. Терен и карактеристики на маршрутата

Појдовна точка: Скијачки центар Ворас (2.070 мнв) – Грција

Целна точка: врв Кајмакчалан (2.520 мнв), мавзолејот и костурницата од Првата светска војнa

Завршна точка: Ски-центар Ворас

Карактеристики на теренот: Планираната маршрута е на чист, непошумен терен со просечен нагиб од 25 до 30 степени, што се зголемува до 35 степени на 400 метри пред врвот.

Целиот терен е прекриен со снег, кој е добро утапкан и цврст (ски-патеката што го олеснува движењето)

Теренот е обезбеден со уредно поставени зимски маркации од левата и десната страна на ски-патеката, како и жичницата и столбовите кои може да послужат како добра маркација.

На 410 метри од врвот постои контролна куќичка од ски-лифтот (види прилог топографска карта и google earth).

2. Просечно времетраење на искачувањето
– 3-4 часа во зимски услови.

3. Метеореолошки услови (види извод од Хидрометеоролошкиот завод):
На самиот старт временските услови биле релативно неповолни со ветер 30-40 м/сек.

Температура од -9 Целзиусови степени и магла со видливост од 100 до 150 м. Овие метереолошки услови се вообичаени и очекувани за периодот и локацијата на акцијата.

Подоцна метео-условите се влошуваат со ветер до 50 км на час и температура од -10 до -12 Целзиусови степени и магла со видливост од 15 до 20 метри, што веќе може да се смета за неповолни услови за зимско планинарење.

4. Целата група на местото на пристигнувањето брои 54 (пристигнати со автобус), плус 12 учесници (од Демир Хисар пристигнати со минибус) и плус две учесничи (странски државјани пристигнати со сопствено возило).

По информација за временските услови, на турата кон врвот тргнуваат 63 планинари предупредени од водичот дека во зависност од временските услови искачувањето може да биде прекинато во кој било момент.
На половина пат кон врвот 23 планинари се откажуваат од понатамошното искачување и се враќаат во ски-центарот.
Кон врвот продолжува колона од 40 планинари. На приближно 600 м од врвот колоната се поделува на две групи: 22 планинари предводени од Зоран Костадинов одат први, а другите од групата предводени од Калина Велевска ги следат на речиси 100 -150 метри растојание.

5. Состав на групата:
Водичи: два

Искусни планинари: 28
Планинари: 6
планинари почетници 4

6. Лична опрема на учесниците:

80 отсто од учесниците се соодветно опремени за искачување во зимски услови, а 20 отсто релативно добро опремени.

7. Средства за комуникација:
Индивидуални мобилни телефони
Радиоврска (2 токи-воки) – на почетокот и крајот на колоната.

8. Опрема за ориентација:
GPS, компас и топографска карта
мобилните телефиони имааат апликација за GPS и локација.

ПРЕТХОДНИ АКТИВНОСТИ

1. Организатор ДПС „Трансверзалец“ (20 години традиција, 200 регистрирани члена, 6 лиценцирани водичи и 4 во постапка на лиценцирање).

2. Акцијата зимско искачување е најавена 45 дена пред реализацијата на facebook на Друштвото со точно наведени напатствија за секој од учесниците.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Дрисла се уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата Вардариште

На депонијата Дрисла се уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов кој појасни дека депониите тешко се гаснат...

Топ34 минути

Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде...

Македонија39 минути

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“. „Документите до кои дојдовме...

Свет2 часа

Последните зборови на Чарли Кирк пред атентатот: Куршум го погоди соработникот на Трамп додека зборуваше за насилство

Се’ уште е во бегство сомничениот за атентатот на Чарли Кирк, младиот конзервативен активист кој беше застрелан во вратот додека...

Македонија3 часа

Дождот не помогна многу – чадот од „Дрисла“ и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот на депонијата „Дрисла“, чиј чад што се чувствува во воздухот во...

Македонија4 часа

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовира својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари....

Свет5 часа

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија5 часа

Локални избори: на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет5 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...

Свет7 часа

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија7 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...

Македонија16 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија19 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија21 час

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија24 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија1 ден

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија1 ден

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет1 ден

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија1 ден

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија1 ден

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...