Контакт

Daily news

„Совест“ до Валентино Димитровски: Манипулациите со обвинување за шовинизам, не може да се посилни од законот

Објавено пред

„Од било каде да тргнеме, секогаш стигнуваме до истото: ненадејното, молкум и “одозгора“ веќе стокмената далавера за од апансас збрчување на тешките машини среде охридската чаршија во доцната есен 2017. како божемна конзервација на Али пашината џамија, повторно само покажа (како секогаш и за сите работи) колку тајно, а уште повеќе како безобразно државата работи зад грбот на граѓаните. Без и најмала објава, расправа и специјалистички и граѓански увиди “од базата“, до крајни граници корумпираните моќници постојано нешто на граѓаните “му готват“. И качени како на базје трева и под нозе чувствувајќи ги сите подземни струи што продираат и само додатно од нас бараат и тераат на наша помирлива вкочанетост за да не допотонеме од сеопштата државна подлоканост.

dobivaj vesti na viber

Во оваа и ваква моментна (а кај нас тоа значи, вечна) положба на македонскиот граѓанин, ние, охридската чаршија, сепак, смогнувајќи сила да се подорганизираме во граѓанско здружение кое во март веќе прави една година како постојано апелира за целиот потфат од матната турска донација за божемната реставрација, до сите незаконски постапки и активности превземани од надлежните корумпирани институции за спроведување на овој, во секој поглед, скандалозен градежен зафат врз Али пашината џамија. И се разбира, отсекаде кон нас медиумска болна глувотија.

Фуриозните градежни активности во чаршијата започнаа, и најнеутрален нека е охриѓанец, секој жител околу џамијата и секој овие денови што бил во Охрид, не може да не се запраша, зашто вака набрзина, невидено арогантно и со секакви закани на насилничка бесчувствителност кон комшиите на џамијата се изведува оваа градежна активност?

Сила Бога не моли, нашите папки со аргументи на власта ништо не ѝ значеа и ни остана единственото што можевма да го направиме, целиот процес да го дадеме на суд. Одеднаш чудо, сите македонски медиуми го покриваат проблемот со Али пашината џамија. Едноставно, како и за многу работи од кои не очекуваа дека можат до тука да стасаат, државните институции и со нас не очекуваа дека до толку далеку ќе отиде работата. Обични граѓани да ја тужат државата и од нејзиното “независно“ судство да бараат правна разрешница? Субјект “од никаде“, а божем во нивно име работат и од неговиот глас управуваат, како незгодно камче во чевелот, одеднаш им попречува на силите на денот во матните далавери и нив ги вади како гнасни алишта пред јавноста.

Со големо доцнење, кога веќе сета работа е во рацете на судските инстанци, почнаа да прискокуваат како каснати од стршлен заспаните државни бирократи. Со свое писание како работна задача се јави и Валентино Димитровски и со покажаниот капацитет за енормно производство на ментален пролив, навистина покажа дека не случајно јаде државен леб во Министерството за култура. Употребувајќи “професионалецот“ куп навредливи придавки за наше бербатење, смирувачки обзнанува дека тужените субјекти лесно ќе се ослободат од обвинувањата на охридските аматери, фашисти, шовинисти.

Иако за овие единаесет месеци наша активност, “професионалецот“ дремливо молчел, од неговиот чаршав погании, сепак, заслужува внимание неговата реченица (што ќе ја пренесеме во целост) за гласиштето што го чул од охриѓани е дека “ нема да се дозволи во градот на православието подигање на муслимански симболи. Причината за отпорот против реконструкцијата на минарето е токму тоа: да се избришат трагите од цивилизациските, културните и верските придонеси и содржини поинакви од нашите“.

Наместо да самоизмислува гласини за некако да не оцрни, “професионалецот“ очигледно “избегнува да се заморува“ со досегашните наши “аматерски“ писанија и кои и не се баш многу и во кои ќе види дека баш нашиот став е за зачувување и афирмирање на сите цивилизациски траги низ Охрид и во случајов на Али пашината џамија, а нивниот став, на Министерството за култура, на институциите што се надлежни за оваа проблематика, на донаторот од Босфорот и на државните “професионалци послушници“ од неговиот тип се за бришење на ваквите цивилизациски траги со подигање на минаре на овој чудесен свет објект преполн врз себе со цивилизациски лузни од верниците на различни богови.

Али пашината џамија во Охрид е класичен пример за тоа. Црква што јавнала под себе базилика на древниот Лихнид, па потоа Али пашината џамија што ја јавнала црквата Св. Никола. Три цивилизациски слоја на едно место, три различни богови во костец меѓу себе во една градба! Сега инвеститорите нека го исчукаат малтерот од надворешноста на џамијата и веднаш на неа ќе се видат заѕиданите прозорци и врата на некогашната црква Св. Никола. Тоа е експертизата, тоа е незавршената работа и на нашите институции што се занимаваат со оваа проблематика и наш апел до УНЕСКО! Никој охриѓанец никогаш и не помислил да рече дека овој Свет објект не е џамија и не е во сопственост на ИВЗ, ниту некој некому бранел и брани во неа верниците да не се клањаат. Нејзиното мало минаре рушено од фронтовските сили во Балканските војни е варварска симболика и гест на самоослободеноста на дотогашната раја која многу нешто истрпела токму заради злоупотербата на нивниот бог од дотогашната власт. Значи и тогаш, во таа воинствена еуфорија, народот немал ништо против џамијата и не ја разрушил.

Нејзиното минаре никој денешен охриѓанец не го памети, оваа џамија со лузни од времето врз себе вака функционира над сто години, тое е нејзиниот општопрофатлив нејзин идентитет во нејзино немуслиманско опкружување и затоа таа треба да се заштити и ваква каква што е и да се претвори во отворен музеј, пандан на црквите Св. Софија, Св. Богородица Перивлепта или Св. Наум.
Охридската чаршија има повеќе џамии, малку потака е џамијата, како што ние охриѓани ја викаме, Крст џамија, исти така врз ѕидови на црквата Св. Недела, а на полумесецот на врвот и денес стои вжлебаниот крст. Но, тоа е тоа, тоа е идентитетот на оваа градба и, се разбира, и тука нема што да се чепка како што не треба да се чепка ништо и на Али пашината џамија. Такви се и историите на џамиите во чаршијата и отаде чинарот.

Свесен дека нема соодветни одговори на овие наши одамна соопштени ставови, а бранејќи ги клиентелистичките ставови на своето Министерство, “професионалецот“ Димитриоски намерно бега од темата и набројува два – три примери за насилствениот однос на поранешните власти кон определени џамии или траги од џамии во Охрид за да го однесе разговорот во жив песок. Но и тока безочно лаже и ги извртува фактите.

“Професионалецу“ Димитриовски, Вие многу убаво знаете дека од триста шеесет и петте цркви колку што ги имало во охридско, најголем број од нив се разрушени или претворени во џамии од османлиите завојувачи. И тоа не е случај само во Охрид, тоа е вековен насилствен процес што се одвива на сите простори завладеани од Османлиите. Најголем број на џамиите низ балканските чаршии се подигнати врз дотогашни цркви. Многу џамии низ балканските чаршии постојат, накаде некоја е разрушена или пренаменета во објект со друга намена, но денес, со матните однадвор донаторства за обновување на секоја некогашна џамија во секоја чаршија е процес на нов османизам или неоосманизам на дело, за што, свесно или несвесно и Вие како “професионалец“ и Вашето министерство здушно се залагате.

Никој не замижува и не оправдува несилствени реакции кон верски објекти, но не замижувај “професионалецу“ и не мати со фактите. По твоја логика, со надворешна донација и на древната Св. Софија сега може повторно да ѝ се изваросаат фреските и пак да се претвори во џамија.

Плаошник до пред години беше (простете на изразот) мочалница на Охрид околу рушевините на црквата во која почива Св Климент. Тогаш го немаше сеуште Ердоган за донација, па се обнови запуштената Климентова црква инаку и таа јавната од џамија, па одамна запустена во реон без муслимански верници. Како обновивте и колку “професионално“ тоа го изведовте, Ви го оставаме Вам како професионален проблем.

Но, повеќе како наравоучение за “професионалецот“, еве и ние да скршнеме малку од темата, па да завршиме. Пред дваесеттина години, во строгиот центар на Гостивар се обновуваше старата Саат кула, веднаш до влезот од главната градска џамија. По кои параметри се раководеле планерите и изведувачите не би можеле да кажеме, затоа што за некое чудо, на врвот од кулата токму пред влезот на џамијата се појави голем крст, а под отвореното поткровје, камбана(?). Македонското, православното население наместо вознес и ситење, целата вџашувачка необичност ја доживејаа како голема непријатност и провокација кон сограѓаните муслимани и по неколку месеци со вадењето на крстот и камбаната(?) и на ним им олесна.

И на крајот, пак за Али пашината џамија во Охрид. Исламската верска заедница ниту до сега изгубила, ниту и од сега ќе изгуби од својот сјај и сила ако една единствена џамија во државава со многу идентитетски лузни (во кое спаѓа и ова сегашново насилство што ѝ се врши) остане и понатаму без минаре како показ и нивни доказ дека биле и се за верска и секаков друг вид на толеранција.
А “професионалните државни плукачи на своите граѓани“ од типот на Валентино Димитриовски најпосле да сватат и се помират со мислата дека овде сеуште има “аматери“, “фашисти“ и “шовинисти“ кои не се срамат и на се плашат јавно да си ги соопштаат своите стојалишта и ако сметаат и судски да се штитат од незаконските дејанија на државата“, се вели во соопштението на граѓанско здружение “Совест“, Охрид.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски: Секој што на каков било начин има поврзаност со случајот во Кочани да биде изведен пред лицето на правдата

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата сторија на ИРЛ, која споменува вмешаност на даночни...

Македонија2 часа

Уапсени 60 лица за подметнување пожари во Македонија

Од 01 април до 29 септември регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60...

Македонија2 часа

Католичката црква со реакција за муралот на Мајка Тереза: Ова е навредлив чин за сите верници

Католичката црква во Македонија изразува жалење за, како што велат, недостојниот и навредлив чин со кој на муралот на света...

Македонија3 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова во црквата на македонската заедница во Стерлинг Хајтс, Мичиген: Татковината не може да се менува

Со посетата на македонската православна црква „Раѓањето на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтс, Мичиген, и средбата со македонската заедница, претседателката...

Македонија3 часа

„Визер“ отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт

Со првиот лет денеска, понеделник, 29 септември, во 6.25 часот наутро, од Меѓународниот аеродром „Скопјe“ до Штутгарт, „Визер“ отвори уште...

Европа5 часа

Данска ги забрани сите цивилни летови со дронови

Данска ги забрани сите цивилни летови на дронови до 3 октомври пред самитот на Европската унија во Копенхаген, објави данскиот...

Европа5 часа

Поранешната шефица на МИ5: Можеби веќе сме во војна со Русија

Велика Британија можеби веќе е во војна со Русија, предупреди поранешната шефица на британската безбедносна служба МИ5. Таа ги наведува...

Европа6 часа

Поранешен руски тајкун: Санкциите се илузија, само воена сила може да го запре Путин

Ако му ја земеш чашата на пијан човек нема да го отрезниш. Иако ова е очигледна вистина за човечката природа,...

Свет7 часа

(Фото) Најголемиот американски носач на авиони во Норвешка; НАТО: Не го гледате ова секој ден

Втора ноќ по ред, неидентификувани дронови летаа над данското небо, потврди данското Министерство за одбрана. Ова е најновиот во низата...

Свет24 часа

Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на...

Македонија1 ден

Петмина добија труење од храна откако јаделе во сендвичарница во Штип

Пет лица пријавиле симптоми на труење со храна по јадење сендвичи со пилешки стек во сендвичарница–киоск во Штип, информираат од...

Топ1 ден

Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Свет1 ден

Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, има многу жртви

Ноќеска Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот...

Македонија2 дена

Пожарите стивнаа, остана само еден активен

На територијата на државата денеска до 18:00 часот има два пожари на отворен простор, од кои еден пожар е активен...

Свет2 дена

Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања,...

Топ2 дена

Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од...

Македонија2 дена

Со порака дека хероите живеат вечно откриена беше спомен бистата на полицаецот кој загина во дискотеката „Пулс“

Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој...

Регион2 дена

Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото...