Европа
Шпанската полиција упадна во просториите на владејачката партија во Каталонија
Шпанската полицијата упадна во петокот во канцелариите на владејачката партија во североисточната покраина Каталонија поради сомневања дека илегално се финансира преку градежна компанија, само еден месец пред изборите на коишто оваа партија ќе ја предводи борбата за каталонската независност.
Полициската рација во просториите на партијата на каталонскиот претседател Артур Мас доаѓа еден месец пред одржувањето на регионалните избори на кои партиите кои се залагаат за независност на Каталонија, вклучително и неговата, најавија отцепување од Шпанија во рок од 18 месеци, доколку победат. За тој период планираат да подготват нов устав, да го заокружат започнатиот процес на покраинските централни финансиски власти и да објава нови избори во 2017 година.
Полицијата во утринските часови ги пребарувала просториите на Каталонската и демократска фондација „CatDem“ под сомневање дека преку неа се префрлувани пари од градежната компанија „Teyco“ во владејачката каталонска партија Convergencia Democratica de Catalunya (CDC) која се залага за независноста на Каталонија.
Истрагата се сомнева дека „Teyco“, која е во сопственост на семејството Сумарока, во име на седум компании ѝ уплатил 1,4 милиони евра на Националистичката унија CiU (Convergencia i Unio) коалиција која неодамна се распадна и од неа произлезе CDC, партијата за таа за интерес на седум компании за таа во неколку места да обезбеди тие компании да победат на тендерите за јавни набавки.
Полицијата од Тарагона, Барселона и Мадрид, врз основа на изјавата на поранешниот директор на „CatDem“, Аугустин Коломине, кој ја водеше фондацијата во периодот од 2008 до 2013 година, дека целата документација се наоѓа во партијата, по претресот на просториите на фондацијата и компанијата, влегла во партискиот штаб на CDC, и во четири градски совети, вклучително и во познатото туристичко место Љоре де Мар. Пребара бил и станот на сметководителот на партијата Даниел Оскар. Претресени се и градските совети во Сан-Кугат дел Валес, Фигерас и Сан Селони. Поголемиот дел од договорите се склучени во 2008 и 2009, а последниот датира од 2011 година, дознаваат медиумите од истрагата.
Компанијата „Teѕцо“ е во сопственост на каталонското семејство Сумарока, чиј член Карлес Сумарока е еден од основачите на партијата во 1974 година. Неговиот син Жорди Сумарока беше уапсен во јуни годинава под сомневање дека затајувал даноци, и мина 19 дена во затвор по што е ослободен со кауција од 600.000 евра.
Градоначалникот на местото Тоедембара, Даниел Масаге, во рамките на истрагата започната пред две годни веќе беше уапсен двапати, во јуни 2014 година и на 23-ти јуни годинава, под сомневање дека примил 1,4 милиони евра од фирми поврзани со семејството Сумарока. Според иследниците, акцијата од петокот е продолжение на таа истрага.
„Немаше никакви илегални уплати“, истакна во соопштението за медиумите портпаролот на партијата Жозеп Рул, истакнувајќи дека „полициската акција е политички мотивирана“. „Ништо не криеме, овде сé е јасно, чисто и транспарентно“, истакна.
Вицепремиерката на шпанската влада, Сораја Санедз де Сантамарија, порача од Мадрид дека правосудството дејствува без влијанија на политичките партии и датумите на изборите.
Изборите во Каталонија, најбогатиот и економски развиен регион во Шпанија, со околу 7,5 милиони жители, сопствен јазик и идентитет, чијашто економија е поголема од, на пример, на Португалија, која има удел од 20 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на кралството и 28 отсто од шпанскиот извоз, ќе се одржат на 27-ми септември.
Сепаратистичката листа под мотото „Заедно За“ (Junts pel Si) е составена од конзервативната CDC и Левите републиканци на Каталонија (Esquerrа Republicanа – ERC) порача дека ќе продолжи со процесот на осамостојувањето на Каталонија доколку победи дури и доколку Мадрид тоа законски не го дозволи. Во моментов, според членот 92 од Уставот на Шпанија, ваквите одлуки ги носи централната власт и Конгресот на пратениците, а ги одобрува кралот.
Партиите кои не се согласуваат со отцепувањето во каталонскиот парламент имаат 71 од 15 места, па се надеваат на сличен резултат и на изборите кон крајот на следниот месец.
Поради несогласувањето за тоа колку далеку треба да се оди во барањето, дојде до поделба на CDC на Артур Мас и демохристијанската партија Unió, кои заеднички настапуваа последните 37 години под името CiU. Од Unió на Мас му порачаа дека „независноста не може да се бара по секоја цена“. Затоа CDC склучи договор со левичарската ERC, со којашто единствено се согласува во решителното барање за независност./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер: Злосторствата се толерираат на социјалните медиуми; Маск: Тиранин и предавник
Илон Маск го нарече шпанскиот премиер Педро Санчез тиранин и предавник откако објави планови за забрана на лицата под 16 години од социјалните медиуми и за сузбивање на говорот на омраза. Санчез рече дека се неопходни итни мерки за заштита на децата од она што го нарече „дигитален Див Запад“, што предизвика гнев кај сопственикот на платформата Икс, пишува The Guardian.
Dirty Sánchez is a tyrant and traitor to the people of Spain 💩 https://t.co/B3oyHrBYpR
— Elon Musk (@elonmusk) February 3, 2026
Откако Санчез ги презентираше плановите на својата влада во говорот на Светскиот самит на влади во Дубаи, Маск одговори на својата платформа Икс. „Валканиот Санчез е тиранин и предавник на шпанскиот народ“. Околу час и половина подоцна, тој дополнително ја заостри својата реторика. „Санчез е вистински фашистички тоталитарист“, рече тој.
Sánchez is the true fascist totalitarian https://t.co/b2U17fEwa7
— Elon Musk (@elonmusk) February 3, 2026
Санчез претходно го критикуваше Маск за користење на Икс за „зајакнување на дезинформациите“ за одлуката на администрацијата на Санчез да легализира 500.000 недокументирани работници и баратели на азил, истакнувајќи дека самиот Маск е мигрант.
Шпанскиот премиер вчера изјави дека се потребни итни мерки бидејќи социјалните медиуми станале „пропадната држава каде што законите се игнорираат, а злосторствата се толерираат“. Тој најави дека владата подготвува низа мерки, вклучително и забрана за социјалните медиуми за лица под 16 години.
„Нашите деца се изложени на простор во кој никогаш не требало да бидат. Тоа повеќе нема да го прифатиме“, рече Санчез. „Ќе ги заштитиме од дигиталниот Див Запад“, вети тој. Предложената забрана ќе се спроведе со измена на постојниот закон за дигитална заштита на малолетници, кој се дискутира во парламентот.
Претставниците на Google, TikTok, Snapchat и Meta сè уште не ги коментираа најавените мерки. Се чини дека Шпанија и Грција, кои се исто така блиску до објавување слична забрана за лица под 15 години, ќе им се придружат на земји како Велика Британија и Франција во заземањето построг став за социјалните медиуми.
Европа
Дрон се урна во воен комплекс во Полска
Полската воена полиција истражува пад на беспилотно летало од непознато потекло кое се урна во воен комплекс на североистокот на земјата, на само неколку метри од складиште за оружје. Инцидентот, кој властите го потврдија во понеделник, се случил на 28 јануари во Вториот радиоелектронски центар во Пжасниш, град на околу деведесет километри северно од Варшава, пренесува Анадолија.
Според Радио Зет, дежурен офицер во единицата го забележал дронот како лета над базата, по што леталото ја изгубило контролата и се урнало во близина на складиштето за оружје. Војниците го обезбедиле дронот и го преместиле во воена зграда за испитување. Портпаролот на Врховниот командант на воената полиција изјавил дека воената полиција била известена и набргу потоа официјално започнала истрага, која вклучува обезбедување на леталото и земање изјави од сведоци.
Инцидентот се случува во време на растечка загриженост низ Полска и другите членки на НАТО за неовластена активност на беспилотни летала во близина на клучни инфраструктурни и воени објекти. Загриженоста се зголеми особено по руската инвазија на Украина и брзото ширење на технологијата за беспилотни летала со ниска цена.
Во Германија и балтичките држави, безбедносните служби истражуваат повторени видувања на неидентификувани дронови во близина на воени полигони за обука, пристаништа и енергетски објекти, што ги зголемува стравувањата од шпионажа и проверка на подготвеноста.
Иако засега нема индикации дека инцидентот во Пжасниш бил непријателски чин, официјалните лица не исклучуваат ниту едно сценарио, вклучувајќи грешка на операторот, технички дефект или намерно извидување. Полското Министерство за одбрана сè уште јавно не коментирало за потеклото или видот на дронот, ниту дали бил опремен со уреди за снимање или друг товар.
Европа
Сојузник на Зеленски: Украинскиот народ е исцрпен, победа е запирање на војната
Висок политички сојузник на украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на мировен договор што ќе ги стави луѓето пред територијата.
Изјавата доаѓа пред големата конференција во Украина во четврток, на која ќе се соберат гувернери и градоначалници за да разговараат за условите за мир со Русија.
Виталиј Ким, гувернер на Николаевската област и едно од имињата во подем во украинската политика, предводеше огранок на партијата „Слуга на народот“ на претседателот Зеленски на изборите во 2019 година и беше назначен за регионален гувернер од Зеленски во ноември 2020 година, објавува „Индипендент“.
Ким зборуваше пред Форумот на градовите и заедниците на фронтот во 2026 година, каде што локалните лидери ќе се обидат да се договорат што очекуваат од мировниот договор, нагласувајќи ја подготвеноста да се префрли фокусот од граничните спорови на безбедносните гаранции. Запрашан за неговите приоритети во мировниот план поврзан со Доналд Трамп, гувернерот Ким рече: „Земјата е важна, но луѓето се поважни, а ситуацијата е таква што не знаеме што носи утрешниот ден“.
Ким призна дека перцепцијата за победата се променила под тежината на долготрајниот конфликт. „За мене лично, победата се нашите граници од 1991 година, среќни луѓе кои не умираат, но сите се многу уморни“, изјави тој.
„Затоа, за украинскиот народ, мислам дека победата е едноставно запирање на војната и добивање безбедносни гаранции за иднината, за нашите деца да можат да го имаат животот што го имавме пред инвазијата. Верувам дека за повеќето од нашите луѓе, победата е враќање во животот каков што беше порано. Ова е исклучително важно за нас бидејќи помина долго време.“

