Европа
Судот ја врати забраната за собири во Хајденау, но не за оние кои го прифаќаат доаѓањето на мигрантите
Високиот административен суд на германската федерална земја Саксонија во петокот ја разгледал жалбата во врска со забраната за собири во источногерманскиот град Хајденау и утврдил дека таа има законска основи, пишува во петокот вечерта весникот Spiegel, откако претходно во петокот беше објавено дека судот во Дрезден утврдил дека забраната е спротивна на слободите за собирање.
Забраната беше воведена од стана на администрацијата на округот поради намерите на приврзаниците на партијата од крајната десница NDP да продолжат да протестираат против подигнувањето во Хајденау, недалеку од Дрезден, камп за прифаќање на мигранти и бегалци, во кој веќе се сместени неколку стотици лица од Блискиот исток и северна Африка. Официјалната причина за забраната е недостигот од полициски персонал за обезбедувањето на протестите.
Судот во Дрезден претходно во петокот утврди дека забраната за собирање во градот Хајденау, каде што инаку протестираа во минатото приврзаниците на крајната десница против воспоставување центри за згрижување на бегалците и мигрантите од Блискиот исток и од Африка, е спротивна на законот за слободата на собирањето. Според одлуката на судот, забраната е „очигледно, незаконска“.
По оваа пресуда администрацијата на округот поднесе жалба до повисоката судска инстанца, којашто повторно ги забрани собирите.
Според Spiegel, и покрај ограничувањето на слободите, на жителите на градот им било дозволено да одржат настани но со коишто ќе биде поздравено доаѓањето на мигрантите во прифатниот центар.
Стотици луѓе во петокот вечерта се собраа на улиците од Хајденау, одбележувајќи локален празник. На местото на собирот дошол камион со играчки, облека, храна и пијалаци. Расположението било добро и настанот се одвивал мирни, се истакнува во извештајот на весникот.
Во Хадјенау минатиот викенд дојде до судир меѓу полицијата и приврзаниците на партијата од крајната десница NPD, кои се обидуваа да го спречат влезот на бегалци од кризните подрачја во поранешно складиште преуредено за нивно прифаќање. За време на уличните протести и безредијата, беа повредени повеќе од 30 полицајци.
Германската канцеларка Ангела Меркел во средата го посети Хајденау, а на влезот беше дочекана од околу 400 демонстранти кои извикуваа навредливи пароли против неа и бегалците./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.