Европа
Полска е речиси сигурна дека го лоцирала исчезнатиот нацистички воз со богатство
– Еден од подземните нацистички тунели прокопани во Втората светска војна
Полските власти соопштија во петокот дека се речиси убедени дека го лоцирале нацистичкиот воз за кој со децении се раскажува дека исчезнал пред крајот на Втората светска војна, и дека бил полн со оружје и драгоцени предмети.
Полските власти соопштија во петокот дека се речиси убедени дека го лоцирале нацистичкиот воз за кој со децении се раскажува дека исчезнал пред крајот на Втората светска војна, и дека бил полн со оружје и драгоцени предмети.
Фотографиите направени со помош на радарска опрема покажале дека железничката композиција долга повеќе од сто метри, што е првата официјална потврда за неговото постоење, изјави заменикот на полскиот министер за култура Пјотр Жуховски.
Возот бил блиндиран, што значи дека превезувал специјален товар, „веројатно воена опрема, но можно е и накит, уметнички дела и архивски документи“, додаде Жуховски во изјавата за медиумите во Варшава. „Јас сум повеќе од 99 отсто сигурен дека таквиот воз постоел“, иако експертите ќе бидат сигурни дури откако ќе успеат да дојдат до него.
Полските власти ја покренаа потрагата по возот откако 19-ти август Германец и Полјак преку својот адвокатот известија дека го пронашле во југозападниот округ Валбжих, како и дека очекуваат 10 отсто од вредноста на пронајденото како награда.
Според полските медиуми „златниот воз“ или како го нарекуваат нацистичкиот блиндиран воз долг 150 метри кој носел благородни метали, можеби и злато, заминувајќи од тврдината Бреслау (сегашниот град Вроцлав) во Валбжих, композицијата мистериозно исчезнала во 1945 година недалеку од полската граница со Германија. Историчарите и трагачите по загубените богатства повеќепати ги изнесуваа претпоставките дека возот можеби бил сокриен од советската авијација во еден од тунелите кои ги прокопале нацистите во планините на Долна Шлезија за заштита од бомбардирањата, додека настапувала Црвената армија.
Со децении кружат приказни дека нацистичкиот воз бил полн со оружје и украдени драгоцености, а Жуховски изјави дека тие приказни потекнуваат од едем маж кој рекол дека помогнал во криењето на возот. „На смртната постела тоа лице го кажало тоа и направило скица каде би можел да биде сокриен возот“, изјави без да навлегува во детали.
Според Жуховски, стручњаците сега работата на тоа како да дојдат до возот. Министерството за култура на Полска претходно во четвртокот предупреди дека на таа локација би можело да има поставено експлозиви и апелираше трагачите по загубени богатства да не се упатуваат кон локацијата.
Локалните медиуми објавија дека возот исчезнат во 1945 година превезувал вредни предмети искрадени во тогашниот источногермански град Бреслау, денешен Вроцлав кој сега е дел од Полска. Според локалниот фолклор, возот бил полн со скапоцени камења, и останал во тунелот каде што биле заборавен.
Доколку во „златниот воз“ бидат откриени некои вредни предмети во неговиот товар, полската страна ќе го предаде на неговите вистински сопственици, објави подоцна во петокот министерството за култура и за национално наследство на Полска. „Доколку се покаже дека во возот има предмети чиешто потекло не предизвикува сомневања, тие ќе бидат вратени“, изјавија од министерството за култура./крај/мф/сн
Извор: AFP/TАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.