Daily news
По откажувањето на ,,Трансмет”, РЕК „Битола“ распиша нов тендер за ископ на јаловина
По откажувањето на ,,Трансмет“ од договорот за ископ на јаглен во РЕК „Битола“, распишан е нов тендер за избор на фирма за ископ и транспорт на јаглен и јаловина. За да се покрие периодот од три месеци до избор на нова фирма, кој ќе се изврши преку јавна е-аукција, склучен е привремен договор за ископ во согласност со Законот за јавните набавки, кој предвидува услови од крајна итност за да може да продолжи производството на електрична енергија во РЕК „Битола“.
Истиот ден кога „Трансмет“ го извести АД ЕЛЕМ дека се повлекува од договорот, во РЕК „Битола“ беа повикани да дадат свои понуди фирмите: „Рудкоп“ – Битола, „Пелистер“ – Битола,„Машинокоп“ – Кавадарци, „Илинден“ – Струга и „Топлина“ – Охрид. Првичната цена што РЕК „Битола“ ја доби изнесуваше 100 денари за гигаџул, а последната понудена цена, на која и беше склучен договорот со фирмата „Пелистер“, изнесуваше 87.80 денари за гигаџул, информираат од РЕК „Битола“. Според нив, овој договор ќе важи во следните три месеци, до кога се очекува преку тендер и со јавно електронско наддавање да биде избрана фирма што ќе го врши ископот на јаглен во РЕК „Битола“.
Во соопштението се додава дека е во завршна фаза тендерската документација за купување сопствена механизација за ископ на јаглен, со што АД ЕЛЕМ ќе го елиминира или ќе го сведе на минимум ангажирањето надворешни фирми во оваа државна компанија, односно намерата на раководството е АД ЕЛЕМ и нејзините подружници при производството на електрична енергија да се потпираат на свои ресурси наместо за тоа да се исплатуваат приватни фирми.
Во согласност со направената физибилити-студија од страна на секторот за развој и инвестици во РЕК „Битола“, за целосна набавка на сопствена опрема ќе бидат потребни 64, 5 милиони евра. Во првата фаза сумата за набавка ќе биде 24 милиони евра и тендерот се очекува да биде распишан до крајот на февруари.
Тендерот за купување механизација, кој претходното раководство на АД ЕЛЕМ го распиша пред неговото разрешување, беше запрен по насока на новата Влада поради потреба од повторна проценка на потребите кои беа наведени во документацијата за тоа што е планирано да се купи и во која количина, како и условите според кои понудувачите може да учествуваат на тендерот. Целта на новата процена, меѓу другото, е и да се даде можност да учествуваат што повеќе фирми и да има поголема конкуренција на тендерот, односно да се елиминираат можностите за фаворизирање одредени понудувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.