Црна хроника
Фатени двајца ограбувачи на тобако продавнички
СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела, од кои две кривични дела „разбојништво“ и едно кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против В.П.(34) исто така од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 15.050 денари.
Од страна на Судија на претходна постапка на пријаванети одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.
Првото разбојништво, го извршиле на 28.11. годинава околу 2.30 часот, на крстосницата меѓу ул.„Димо Хаџи Димов“ и ул.„Народни Херои“ поточно во тобако „Томи“, Љ.Ј. со закана по неговиот живот му ги побарал парите на вработениот и во истиот момент го откорнал шалтерското плексиглас стакло, се протнал и ја извлекол фиоката од регистар касата при што го оштетил и стаклото од влезната врата. Откако ја одзеле фиоката од регистар касата во која имало 9.000 денари и три штеки цигари „Бос Класик“, го напуштиле местото на настанот.
Второто разбојништво пријавените го извршиле на во петокот, околу 4.20 часот, на тој начин што откако стигнале на ул. „Филип Втори Македонски“, поточно во Тобако „Екстра Кофи“, додека В.П стоел до тобакото, Љ.Ј. со употреба на физичка сила и удар со нога, го скршил стаклото од влезната врата која била затворена но незаклучена, влегол внатре и на вработената и се заканил да му ги даде парите по што истата одбила. Тој го зел држачот каде што биле наредени кутиите со цигари, ја турнал вработената, излегол од тобакото и заедно со В.П. со трчање се упатиле во правец на паркинг просторот зад тобакото, каде што биле забележани од страна на полициски службеници.
Во истиот момент В.П. бил фатен и приведен, додека Љ.Ј. избегал кон бул.„Кочо Рацин“, каде бил фатен од страна на Единицата Алфа. При обидот да биде легитимиран истиот се оглушил на дадените наредби и почнал да ги омаловажува и навредува полициските службеници, при што во еден момент со нога удрил еден од полициските службеници во пределот на главата. Истиот бил приведен по што бил извршен разговор и со потврда за привремено одземени предмети, од него биле одземени цигарите и држачот за цигари.
Врз основа на судска наредба од Судија на претходна постапка извршен бил претрес во домот на пријавените, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело разбојништво извршено на крајот од минатиот месец
Инаку, против Љ.Ј. предходно се поднесени четири кривични пријави за извршени четири кривични дела од кои две кривични дела „одземање моторно возило“ и две кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, додека против В.П. се поднесени три кривични пријави за извршени три кривични дела „фалсификување пари“, „фалсификување исправа“ и „тешка кражба“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.
Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.
Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.
Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.
Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување
Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.
Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.
По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.
Црна хроника
Претрес во Гевгелиско: пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија
На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

