Daily news
Мицкоски: Економијата тоне, граѓаните осиромашуваат
Економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, БДП е речиси нула, a девизните резерви опаѓаат, обвини денеска Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во текот на денешниот ден ќе остварам средба со тројцата европратеници, господата Кукан, Вајгал и Флекенштајн. На средбата ќе стане збор за актуелната политичка ситуација во државата. Но, она што е поважно за граѓаните е лошата економска состојба на секој од нив поединечно, која е резултат на погрешните и лоши политики што Владата предводена од СДСМ ги практикува во Република Македонија“, рече Мицкоски.
БДП, додаде тој, во првите три квартали е некаде околу 0,4 проценти под нулата, што значи дека има негативен раст, а до крајот на година би биле среќни ако завршиме со нула, што претставува едно од најлошите достигнувања од осамостојувањето на Република Македонија па до денес.
„Во услови кога светската економија бележи пораст, замислете, се радуваме на резултати што се движат околу нулата. Градежништвото е во опаѓање околу 11 проценти, индустриското производство се движи некаде под нулата, околу 4 проценти, што значи севкупно катастрофални резултати што само може да влијаат негативно во квалитетот на животот на нашите сограѓани“, рече Мицкоски.
Втор параметар, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, што сакам да го споменам, се странските директни инвестиции.
„Ќе бидеме среќни ако 2017 година ја завршиме со 100 милиони евра помалку директни странски инвестиции во споредба со она што било случај на крајот од 2016 година. 100 милиони евра помалку директни странски вложувања во споредба со она што било во 2016 година. Третиот параметар, исто така катастрофален, што сакам да го споменам, е намалувањето на државните бруто-девизни резерви. Имено, во 2017 година домашните бруто-девизни резерви се намалени цели 266 милиони евра, што е некаде приближно 11 проценти помалку во споредба со она што било ситуација на 31 декември во 2016 година“, рече Мицкоски.
Според него, граѓаните во Република Македонија се 11 проценти посиромашни на 31 декември 2017 година во споредба со 31 декември 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.