Црна хроника
Запленети 10 кг хероин на ГП Богородица
Полицијата пронајде десет килограми хероин во автомобил на двајца скопјани на граничниот премин Богородица во понеделник изутрина. Дрогата ја набавиле од Турција, а на пазарот би достигнала цена од 240.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Синоќа, околу 3.30 часот на ГП Богородица за влез во Македонија се пријавило возило „мерцедес” со скопски регистарски таблички во кое имало две лица, С.С.(32) и И.И.(22), од Скопје.
При царинската контрола над возилото и личен претрес на лицата, во праговите од возилото се пронајдени 19 пакувања обвиткани со селотејп трака исполнети со непозната прашкаста материја во бела боја. Одземената прaшкаста материја била предадена во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР заради вештачење.
Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на големо би достигнал цена од 240.000 евра, додека надвор од земјава над 300.000 евра.
Лицата се уапсени и по целосно документирање на случајот заедно со кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” ќе бидат предадени на надлежен истражен судија. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете
Ноќта помеѓу 7 и 8 ноември .11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј. од Куманово, Ф.С. од Кочани, Б.А., М.Р., П.Ѓ., М.Ј., М.Е., А.П. и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

