Контакт

Daily news

Прво рочиште за предметот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски

Објавено пред

Во кривичниот суд почна првото рочиште за предметот „Тортура“, кој се однесува за апсењето на Љубе Бошкоски. На судењето пристигнаа Бошкоски и шестемина „алфи“: командантот Ивица Антевски – Пуки, Новица Станковски, Јован Боцевски, Петар Милошевски, Филип Атанасов и Метуш Шабани, а Сашо Мијалков не се појави.

dobivaj vesti na viber

Предметот ќе го суди судијката Александра Ристеска.

Судијката Моника Бахчовановска, која го ценела обвинението, претходно напишала дека нема oснови на сомнение дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е поттикнувач на тортура против ексминистерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Судијката одлучила за тортура да одговараат само „алфите“, а не и Мијалков бидејќи во време на апсењето на Бошкоски, Мијалков бил шеф на УБК, а надлежност за давање команди на „алфите“ имале одговорни лица од Бирото за јавна безбедност. Во образложението е напишано дека само од бомбите не може да се утврди дека Мијалков нарачува тортура. СЈО, пак, во обвинението ги предложило Љубе Бошкоски како оштетено лице, но и загрозен сведок кој би дал исказ под псевдоним во судот. СЈО поднесе жалба на оваа одлука на судијката Бахчовановска. Сега на потег се апелационите судии, кои треба да ја поништат, потврдат или преиначат одлуката на судијката.

Во третата бомба на опозицијата можеше да се чуе како новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ – Латас и ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, договараат детали како да биде покриен во вестите на ТВ „Сител“ настанот со апсењето на Бошкоски. Имињата на„ алфите“ обвинети дека ја спровеле тортурата врз Бошкоски се најдоа на листата помилувани функционери и службеници на претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Судот по барање на СЈО им определи забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно им ги одзеде полициските овластувања. Покрај тоа, обвинетите секој петок најдоцна до 12 часот треба да се јавуваат на шалтер во кривичниот суд. Оваа мерка СЈО ја побара бидејќи „алфите“ му вршеле притисок на сведокот предложен токму од нив.

Според обвинението, на 6 јуни 2011 година, ден по изборите, Сашо Мијалков како директор на УБК, поради дискриминација по основа на поинаква политичка определба, ги навел обвинетите „алфи“ при лишувањето од слобода на Љубе Бошкоски да предизвикаат кај него душевно страдање. Во времето на апсењето меѓу 14.30 до 16 часот на паркингот пред ресторанот „Воденица“, без да постои каков било отпор од Љубе Бошкоски, употребиле прекумерна сила и закана и спротивно на уредбата за употреба на средства на присилба и огнено оружје ги пречекориле законските овластувања за употреба на средства за присилба.

Командантот Ивица Антевски – Пуки издал наредба кон другите обвинети полициски службеници со зборовите: „Легнете ги долу, долу, долу да се апсат на земја, на земја да се апси!“, „Легни го долу, легни го долу!“, по што „алфите“ со употреба на прекумерна физичка сила насилно го легнале на земја удирајќи го Бошкоски по нозете и држејќи го за рацете, го малтретирале, застрашувале и го навредувале со зборовите: „Шефот ми рече, шефот ми рече, осум години затвор не ти бегаат“, „Нека лежи ѓубрето!“, „Ајде сега нека лае против шефот“, „Пичка ти материна!“, „Предавник!“, „Ти дојде моментот!“, „Дојде моментот да се реванширам!“, „Да ти ја ебам жената!“ и други вулгарни зборови и пцости кон мајка му, сопругата и децата.

Обвинетиот полициски службеник Новица Станковски, според обвинителниот акт, на Бошкоски му го ставил и пиштолот на левиот образ упатувајќи му ги зборовите: „Бел ден да не видиш“. „Алфите“ потоа го ставиле пред полски тоалет со лицето кон вратата на тоалетот и во таква положба непотребно го држеле повеќе од половина час за да биде снимен од медиумите што претходно биле известени за настанот и за кои снимки, како и други, обвинетиот Сашо Мијалков влијаел кај медиумите да бидат често емитувани на ударните вести.

В. Маглешов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија22 минути

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет1 час

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет1 час

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија4 часа

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија5 часа

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија18 часа

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија1 ден

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија1 ден

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија1 ден

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија1 ден

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија1 ден

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија1 ден

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет1 ден

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија1 ден

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет1 ден

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет1 ден

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион1 ден

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет1 ден

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа1 ден

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...