Daily news
Заев: Очекуваме безусловна препорака во април и датум за преговори во јуни
Македонија има шанси во април да добие безусловна препорака, а во јуни датум за почнување на преговорите со Европската Унија. Ова го изјави претседателот на Владата, Зоран Заев, во обраќање по работната средба меѓу лидерите на земјите членки на Западен Балкан со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Фредерика Могерини, и еврокомесарот Јоханес Хан, под покровителство на премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, како земја претседавач на ЕУ.
„Среќен сум за тоа што навистина нашите перспективи во Европската Унија се водилка и кон стабилноста, но и кон реформските процеси што се случуваат во Република Македонија. Се надевам дека ваквите сериозни позитивни пораки ќе овозможат дополнително охрабрување на институциите и на институционалната поставеност на Македонија за да испорачаме завршување на реформите во Македонија на еден суштествен начин. Правосудството е многу важно, медиумската сфера е многу важна, реформата на јавната администрација, исто така и реформите на тајните служби и Министерството за внатрешни работи. Тоа се агендите на кои сме посветени и убедени сме дека навистина до самитот за Западен Балкан, овде во Софија, што ќе се одржи во мај, ќе можеме да се пофалиме со завршени резултати, како што и досега тоа го правиме во Република Македонија“, рече Заев по средбата.
Тој додаде дека реформите мора да бидат испорачани.
„Ова се вредни цели што се исправени пред нас и убеден сум дека заради ваквите цели, треба навистина да се посветиме сите и на крајот да го завршиме ова полугодие од 2018 година со успех“, изјави претседателот на Владата.
Заев изрази задоволство што претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изнесувајќи ги заклучоците од посетата на Западен Балкан, ветил сериозна инфраструктурна поддршка, односно пари за инфраструктурни проекти што треба да го поврзат Западен Балкан меѓу себе и со целиот овој регион. Премиерот откри дека станува збор за милијарди евра, кои се однесуваат и на коридорите и на севкупната поврзаност.
Во врска со македонско-грчкиот спор, Заев оцени дека е можно решение пред самитот на Европската Унија во јуни, кога Македонија очекува датум за почеток на преговорите со Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.