Daily news
Над 1.000 учесници на јубилејниот „Копаоник бизнис-форум“
В недела ќе започне јубилејниот 25. по ред „Копаоник бизнис-форум“, кој ќе се одржи од 4 до 7 март на Копаоник.
Досега присуството на Форумот го потврдија над 1.000 учесници и со самото тоа ќе има рекорден број учесници и панелисти. Првпат Форумот ќе трае 4 дена, ќе бидат одржани 22 панела, 3 пленарни сесии, 6 специјални настани, а ќе бидат организирани и 3 специјални обраќања до присутните.
Присуството на Форумот го потврдија претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Владата, Ана Брнабиќ, поголемиот број министри во Владата на Република Србија, гувернерот на Народна банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, најзначајните стопанственици од банкарскиот и осигурителниот сектор, како и претставници од секторите туризам, енергетика, земјоделство, фармацефтската индустрија, јавните претпријатија, локалната самоуправа, меѓународните финансиски организации (EBRD, EIB, IFC, WB, MMF), претседателот на Фискалниот совет, како и многу домашни и странски економски теоретичари и претставници на медиумите.
Тема на годинешниот форум е „Што по фискална консолидација: Како да се претвори фискалната стабилност преку мерки на економска политика во одржлив раст и развој?“
Во рамките на тие неколку дена кога се одржува Форумот ќе се претстават над 120 говорници на разни теми поврзани со бизнис-сферата, меѓу кои и мнозинскиот сопственик на „М6 инвесмент груп“ и претседател на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Тој ќе биде говорник на вториот ден од Форумот во рамките на Панел 3 на тема „Западен Балкан – предизвици: Регионална економска област“.
„Организацијата на јубилениот 25. по ред „Копаоник бизнис-форум“ претставува дополнителна одговорност во поглед на долготрајноста и значењето на самиот настан. Првпат организираме поголема програма, која ќе се одвива во текот на 4 дена, а последниот ден свое излагање ќе има и српската премиерка Ана Брнабиќ. Целта на овој долгогодишен Форум е да се изгради платформа за аргументирана, конструктивна расправа и критична анализа за сè она што е досега сработено, како и концептуално дефинирање на одржлива економска политика“, вели Алекандар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економистите на Србија и претседател на програмскиот одбор на КБФ.
Програмскиот одбор на Форумот предвиде дискусии во рамките на разни области, како Иницијатива – дигитална Србија и улогата на жената во промените на бизнис-светот, Опсегот на фискалната консолидација и досегашните структурни реформи, програма за реализација на реформи: развој на инсфраструктура, реструктуирање на јавниот сектор, образование и наука, креативна економија, иновација и стратешки раст, одржлив и инклузивен развој: Луѓето во фокусот – реформа на системот за здравственото образование.
Во текот на овие четири дена ќе учествуваат високи државни функционери и влијателни бизнис-лидери. Меѓу другите, учество ќе земат и Линда ван Гелдер, регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, како и Питер Санфи, заменик-директор за економија и политика за земјите при Европската банка за обнова и развој. Првпат на Форумот ќе земе учество и Пол Томсен, директор на канцеларијата на ММФ за Европа и Шарлот Рух, директор на ЕБРД за Централна и Источна Европа.
„Копаоник бизнис-форумот“ во партерство со „Мастеркард“ традиционално е во организација на Сојузот на економистите на Србија и Здружението на корпоративните директори на Србија и е под покровителство на владата на Република Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.