Контакт

Европа

Киев објави дека открил масовна гробница во Славјанск

Објавено пред

Украинските власти објавија дека наводно ја откриле првата масовна гробница во Славјанск, град со околу 130 илјади жители кој проруските бунтовници го напуштија пред три седмици повлекувајќи се кон Донецк и Луганск , во којашто би можело да има дваесет тела, а меѓу нив има најмалку четири цивили

dobivaj vesti na viber

„Знаеме дека постојат и други масовни гробници во градот, но не знаеме кади и ова е првата којашто ја отворивме. Знаеме и дека во оваа масовна гробница се закопани четворица невини протестантски жупјани, мачени од бунтовниците“, изјави Антон Герашченко, советникот на министерот за внатрешни работи на Украина.

„Тие луѓе на 8-ми јуни биле грабнати по излегувањето од неделната миса. Бунтовниците ги затвориле и никој од тогаш немал никакви вести за нив. Според моите информации, убиени се следната ноќ“, додал Гришченко пренесе AFP. Според него првите ексхумирани четири тела следниот четврток ќе бидат предадени за ДНК анализа.

Според извештајот од јуни на Високата комисија за човекови права на Обединетите нации, во градовите кои беа под контрола на бунтовниците во источна Украина, десетици вистински или измислени противници биле измачувани. Меѓутоа, во извештајот на се наведуваат случаи на ликвидации./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Објавено пред

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.

Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.

Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.

Украина официјално не коментира до моментот на објавување.

Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Објавено пред

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.

Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.

Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.

На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.

dobivaj vesti na viber

Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.

Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Поднесена кривична пријава против ексдиректорката од Демир Хисар за криење службени печати

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради одземање или уништување службен печат или...

Македонија2 часа

Ивановска: 11 часа по објавувањето на кандидатурата за градоначалничка, полицајци затропаа на мојата врата

11 часа по објавувањето на мојата кандидатура за градоначалничка на општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата, објави поранешната претседателка...

Економија2 часа

Муцунски: Македонија е рангирана меѓу првите во Европа и шеста во светот по обем на гринфилд-инвестиции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димоски, денеска...

Македонија2 часа

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одредбите на владината...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД 

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на...

Свет5 часа

(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател...

Свет5 часа

(Видео) Путин оди на средбата со Трамп, снимен неговиот конвој

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како патува во оклопна лимузина, со огромен конвој што поминува низ затворени патишта, пред...

Македонија5 часа

(Видео) Ангелов: Најтешкиот пожар е во Јасен, кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор,...

Македонија7 часа

Владата: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

„Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид...

Свет7 часа

Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп – Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Во 6.45 часот...

Свет8 часа

Ким Џонг-ун одговори на писмото од Путин: „Воспоставивме единство на бојното поле“

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на официјалната посета на...

Регион9 часа

(Видео) Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

Протестите што се одржаа низ цела Србија вчера вечер, беа обележани со високи тензии и низа инциденти. Во Белград, во...

Регион9 часа

(Фото/видео) Просториите на СНС во Нови Сад целосно демолирани во вчерашните протести

Вчера вечер, нови големи протести се одржаа на улиците на Србија, во сите поголеми градови. 21.20h nema vise sns prostorija...

Македонија23 часа

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа, се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот за здравство, Азир Алиу, информираше...

Македонија23 часа

Демократската партија на Турците го напушти „Европскиот фронт“, на локалните избори ќе настапи сама

Демократска партија на Турците на Македонија, соопшти дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, ќе настапи...

Македонија1 ден

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија1 ден

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет1 ден

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина сугерирајќи дека Москва...

Топ1 ден

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...

Македонија1 ден

Пуштена клучката Подмоље, власта уверува дека на автопатот Охрид – Кичево се работи забрзано

Денеска е пуштена во употреба клучката Подмоље, која го спојува Охрид со Струга, како и Македонија со Албанија, информира потпретседателот...