Контакт

Европа

Новиот словачки претседател првата плата ја подели на сиромасите и болните

Објавено пред

Новиот претседател на Словачка, Андреј Киска, милионер и познат филантроп, кој на должноста стапи на 15-ти јуни, својата прва претседателска палата во износ од 5.376 евра ја подели на сиромашните и болните, соопшти во петокот неговиот портпарол Петер Петрус.
 

dobivaj vesti na viber

Новиот претседател на Словачка, Андреј Киска, милионер и познат филантроп, кој на должноста стапи на 15-ти јуни, својата прва претседателска палата во износ од 5.376 евра ја подели на сиромашните и болните, соопшти во петокот неговиот портпарол Петер Петрус.

 

„Осум семејства ќе добијат по 537,60 евра на своите банкарски сметки, на уште две кои немаат вакви сметки ќе им ги испратиме по пошта. Примателите на помошта коишто претседателот ги одбрал со помош на хуманитарните организации ќе останат анонимни“, изјавил портпаролот Петрус, пренесува словачката новинска агенција SITA.

Андреј Киска, со своите 51 година, е новак во политиката, а во вториот круг од претседателските избори на 30-ти мар надмоќно го победи дотогашниот премиер Роберт. Веднаш изјави дека ќе се откаже од претседателската плата во текот на петгодишниот мандат и ќе ја даде во добротворни цели.

Платата на Киска изнесува 5.376 евра месечно, а како што реле, тој себеси се смета финансиски обезбеден. Неговите годишни приходи од инвестиции во различни фондови изнесува околу 700 илјади долари. Неговото богатство се проценува на околу шест до седум милиони американски долари.

Киска, кој го ужива реномето на доброчинител, е првиот словачки претседател без комунистичко минато. Словачка влезе во Европската унија во 2004 година, а членка на еврозоната стана во 2009 година.

Во периодот од 1990 до 2000 година, Андреј Киска активно се занимаваше со претприемништво, а две негови компании обезбедуваат заеми за комерцијални фирми и за населението. Пред десет години ги продаде двете компании за околу 10 милиони евра. Оттогаш се занимава со добротворни активности. Најпозната во Словачка е организацијата што тој ја основаше „Добриот ангел“, која им помага на семејствата со болни деца. Нејзината активност последните години се проширува и на соседна Чешка, којашто беше во поранешната комунистичка заедница Чехословачка или ЧССР./крај/мф/сн

Извор: SITA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Убиен украински командант; Зеленски: Ќе одговориме за овој напад

Објавено пред

Во руски ракетен напад врз Хуљајпоље во областа Дњепропетровска беше убиен командантот на 110-та посебна механизирана бригада на Украина, Сергеј Захаревич, а ранети се уште 30 други, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Руската војска го нападна вчера округот Камјански, каде што се наоѓа селото Хуљајпоље, соопшти гувернерот Сергеј Лисак. Хуљајпоље, со население од околу 1.200 жители пред војната, се наоѓа во западниот дел на областа Дњепропетровска, на околу 70 километри од линијата на фронтот.

„Секако ќе им одговориме на Русите за овој напад“, објави Зеленски, додавајќи дека во моментов е во тек истрага за рускиот напад и дека чека извештај од воената команда.

Захаревич дипломирал на Одесскиот институт на копнените сили. Во февруари оваа година, тој беше назначен за командант на 110-та посебна механизирана бригада. Пред тоа, тој беше заменик-командант на 33-та механизирана бригада.

Тој учествуваше во неколку борбени мисии на фронтот. „Нашата армија изгуби уште еден претставник на новата генерација украински офицери кои пораснаа во битка и станаа модели на храброст и проактивно воено лидерство“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин сака странските валути да се вратат во Русија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се отвора вратата за нови странски инвестиции на руските финансиски пазари, вклучително и од земји што Москва ги смета за „непријателски“, објави Блумберг.

dobivaj vesti na viber

Според декретот, новите инвеститори од странство ќе можат да инвестираат во руски хартии од вредност без да мора да ги чуваат своите пари на блокирани сметки од типот Ц.

Наместо тоа, ќе им биде дозволено да користат таканаречени ИН сметки, преку кои можат слободно да повлекуваат профит, објавува Блумберг.

Старите инвеститори сè уште се под блокада
Оваа промена се однесува исклучиво на новите инвеститори. Средствата што веќе се замрзнати, вклучувајќи десетици милијарди долари странски инвестиции, остануваат заробени во системот за контрола на капиталот, предупредува Блумберг.

Русија воведе строга контрола на капиталот по почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, а декретот е јасно насочен кон привлекување нова странска валута во земјата, во време кога санкциите и растечките фискални притисоци се оптоваруваат со руските финансии.

Блумберг неодамна објави дека ситуацијата во руската економија е посериозна отколку што признаваат властите и дека постои реален ризик од системска криза во банкарскиот сектор во наредната година.

Во исто време, Ројтерс пишува дека властите во Москва охрабруваат постепена девалвација на рубљата кон ниво од околу 100 рубли за еден американски долар со цел да се зголемат приходите во државниот буџет. Гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, неодамна предупреди дека ресурсите што ја одржуваа економијата на површина во последните две години се исцрпени.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Бомбардер „су-34“ се урна во Русија

Објавено пред

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

„Околу 13:00 часот по московско време, авион Су-34 се урна во регионот Нижни Новгород за време на планиран воена лет. Додека се приближуваше кон слетување, се појави дефект. Екипажот неколку пати се обиде да го поправи дефектот во лет, но ситуацијата не се промени. Затоа, го однесоа авионот на безбедно место и се катапултираа“, се вели во соопштението на министерството.

Авионот не носел муниција и паднал во ненаселена област.

Иако првичните извештаи покажаа дека двајцата членови на екипажот преживеале, рускиот медиум „Маш“ подоцна објави дека еден од членовите на екипажот починал од повредите. Според извештаите, тој паднал на дрво откако се катапултирал.

Канал на Телеграм поврзан со руските воздухопловни сили, исто така ја објави несреќата. „Денес, авион Су-34 се урна во регионот Нижни Новгород. Навигаторот почина. Да леташ засекогаш, брате“, напиша каналот, објавувајќи видео од последните моменти пред падот на авионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ2 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија2 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија3 часа

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија3 часа

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија3 часа

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет5 часа

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...

Свет6 часа

Мерц: Русија не води војна само против Украина, туку и против нас

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Во интервју...

Свет7 часа

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...

Македонија7 часа

Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не Ви е малку незгодно што на листата со ВИП-гости Ви беа лица што треба да Ви се на црната листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер. „Добро утро Амбасадорке Агелер,...

Свет8 часа

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 дома без струја, откажани десетици летови

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните...

Свет9 часа

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот...

Европа9 часа

(Видео) Бомбардер „су-34“ се урна во Русија

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска...

Македонија21 час

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ23 часа

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија1 ден

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија1 ден

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ1 ден

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија1 ден

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...