Европа
‘Отвори ја проклетата врата’, молел капетанот на урнатиот авион
„Отвори ја оваа проклета врата“, го преколнувал капетанот на авионот „Airbusa A320“ на германската компанија „Germanwings“ својот копилот која ха намалувал височината на која летал авионот додека патниците врескале неколку минути пред катастрофата.
Овие информации се добиени од „црната кутија“ којашто ги регистрира звуци во пилотската кабина објави германскиот дневник Bild во своето неделно издание. Претходно беше објавено дека капетанот на летот со секира до последните секунди се обидувал да ја скрши заклучената однатре врата од пилотската кабина за да ја спречи трагедијата.
Државниот обвинител во француски Маресеј, Бри Робен, уште во четвртокот изјави дека снимката покажува дека 28-годишниот копилот Андреас Лубитц ја заклучил вратата од пилотската кабина откако капетанот излегол, најверојатно во тоалет, и ја вклучил командата за спуштање на авионот на височина од 30 метри. Меѓутоа, обвинителот не изнесе поединости од разговорот меѓу двајцата пилоти.
Според Bild, записот од „црната кутија“ потврдува дека во првите 20 минути од летот капетанот Патрик С и Андреас Лубитц воделе вообичаен разговор. Капетанот потоа му рекол на вториот дека на поаѓање од Барселона немал време да оди во тоалет.
Во 10.27 часот пилотот бара од Лубитц да го подготви слетувањето во Диследорф, во западна Германија. Овој изговара неколку зборови: „Се надевам“ и „Ќе видиме“. Потоа капетанот оди во тоалет и леталото почнува да понира.
По неколку минути се слуша „силно тропање“, како некој да се обидува насилно да влезе во пилотската кабина, пишува весникот. Потоа се слуша гласот на капетанот: „Отвори ја вратата, до бога те молам“. Во заднината се слушаат како патниците врескаат, истакнува весникот. Пилотот несомнено се обидува да ја провали вратата со секира и вика „Отвори ја таа проклета врата!“.
Околу 10,40 часот се слушаат крици на патници кога авионот со брзина од 700 километри на час удира во падина на планината и во момент се распаѓа. Тоа е последното што се слуша на снимката од летот во кој загинаа 150 патници и членови на екипажот.
Другиот германски весник Welt am Sonntag и во неделата пишува дека иследниците на несреќата во домот на Лубитц пронашле „голем број лекови“ за „психички болести“, Момчето, боледувало од „тешка депресија“, покрај тоа било и во голем стрес и за неговото здравје се грижеле „неколку невролози и психијатри“.
Во петокот државното обвинителство во Диселдорф објави дека во неговиот дом биле пронајдени и искинат упати на боледување Лубитц, колку што е засега познато, не оставил проштално писмо коешто би упатувало на причините за оваа несреќа.
Весниците Bild и The New York Times, пишуваат и дека копилотот покрај психичките проблеми имал и проблеми со видот, па можел да биде прогласен за неспособен, и да не се оствари неговиот сон да стане капетан на прекуокеански летови.
Францускиот полициски функционер Жан-Пјер Мишел кој во саботата престојуваше во Диселдорф заедно со трочлена делегација која соработува со германските истражители, изјави дека најверојатно станува збор за намерен чин, но не ја исклучи и можноста од ненамерна грешка и технички недостаток на леталото, кошето според претходните извештаи во понеделникот целиот ден било приземјено поради проблем со механизмот за повлекување на тркалата кон клунот на авионот.
Портпаролот на француската полиција во саботата објави дека втората црна кутија на авионот уште не е пронајдена./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

