Македонија
(Видео) Се урива постаментот на Ќосето пред Врховен суд
Откако општина Центар среде ноќ го отстрани споменикот на Андон Јанев-Ќосето од пред Врховниот суд, денес се остранува и постаментот на кој беше поставен. Споменикот кој беше дивоградба беше однесен во магацин на Металски завод-Тито.
Споменикот во 2014 беше дониран и поставен од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, a ќе биде заменет со дрво на кое ќе биде изградвирана плочка за човекови права донирана од збратимениот град Нинберг, најави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.
„Макфакс“ контактираше со претседателот на здружението, Ташко Јованов кој се прогласи ненадлежен за споменикот и не објасни зошто споменикот на Ќосето со нож во раката, пред четири години бил поставен токму пред Врховниот суд, односно која е симболиката на тој чин. Запрашан дали ќе го земат споменикот од Металскиот завод-Тито, Јованов рече дека не знае ништо за споменикот.
По отстранувањето на Ќосето, општина Сопиште го бара споменикот за да го постави на кружниот тек во селото. Ова барање од општината се подготвуваат да го достават до Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, откако одлуката беше усвоена на Советот на Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

