Спорт
Баерн веќе го „пикирале“ Почетино
Баерн Минхен се импресионирани од работата која Маурисио Почетино ја завршува со Тотенхем и сакаат Аргентинецот да биде наследникот на Јуп Хајнкес на клупата , тврди поранешниот фудбалер на Баварците, Дитмар Хаман.
Почетино го презеде тимот од северен …
Баерн Минхен се импресионирани од работата која Маурисио Почетино ја завршува со Тотенхем и сакаат Аргентинецот да биде наследникот на Јуп Хајнкес на клупата , тврди поранешниот фудбалер на Баварците, Дитмар Хаман.
Почетино го презеде тимот од северен Лондон во 2014 година и го трансформираше во тим кој се бори за првите позиции во Премиер лигата, а претходно шпекулациите го поврзуваа и со Реал Мадрид, тим кој секогаш го почитувал. Сега, Хаман вели дека Почетино е прв фаворит за на „Алијанц арената“.
„Знам дека Баерн се во контакт со Почетино и дека тој беше опција и претходно. Некои велат дека тренер на Баварците мора да е Германец, но тоа според мене не е најважното. Дури и Пеп Гвардиола не беше совршен. Треба да се избере најдобриот достапен тренер. За мене, тоа е Почетино“, вели Хаман во интервју за „Скај“.
Ветеранот Хајнкес повторно направи „магија“ со Баерн, носејќи ги до четврт-финале од Лигата на шампионите и правејќи огромна предност на врвот на Бундеслигата откако го замени Карло Анчелоти. Сепак, тој повеќе пати изјави дека неговиот договор е само на една година и дека не планира да остане тренер и следната сезона.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гринвуд ја испрати Алмерија во Сегунда
Хетафе, во 33.коло забележа победа во Алмерија 3.1 Со овој пораз фудбалерите на Алмерија и официјално испаднаа од шпанската Примера.
Гостите поведоа во 27. минута со голот на Мејсон Гринвуд, а израмни Чоко Лозано на четири минути пред крајот на првото полувреме.
Најдобриот играч на натпреварот, Гринвуд му ја врати предноста на Хетафе со гол по само три минути игра во вториот дел.
Откако постигна два гола, Англичанецот во 61. минута му асистираше на Хаиме Мата за третиот гол на Хетафе.
Во последните моменти од играта нервозниот Виеира доби црвен картон и во самиот финиш ја остави Алмерија со играч помалку.
За Хетафе ова беше втората победа сезонава на гостински терен. Тимот на Хосе Бордалас се наоѓа на деветтата позиција со 43 бода.
Спорт
(Видео) Барнли однесе бод од „Олд Трафорд“
Фудбалерите на Манчестер јунајтед уште еднаш ги разочараа своите навивачи. Во рамките на 35.коло одиграа 1.1 со Барнли, кој во финишот освои значаен бод в борбата за опстанок.
Антони во 80.минта погоди за предност на Јунајтед, а потоа Амдуни во 87. минута од пенал го замолкна „Олд Трафорд“ и му донесе бод на Барнли.
Манчестер јунајтед сега е шести со 54 бодови, додека Барнли се уште е 19-ти, сега има 24 бода.
Јуанајтед на шестото место има бод повеќе од Њукасл, кој со одлична игра во второто полувреме убедливо го совлада Шефилд јунајтед со 5:1. Њукасл постигна пет гола откако Ахмедхоџиќ во петтта минута погоди за Шефилд. Два гола во победата на Њукасл постигна Исак.
Фудбалерите на Кристал Палас успеаја да дојдат до бод во градското дерби против Фулам во самиот финиш на натпреварот со голот на Шлуп. Претходно, Родриго ја продолжи добрата серија и го доведе својот тим до предност.
Вулверхемптон успеа да го совлада Лутон со головите на Хванг и Тоти. Лутон успеа да намали во 81. минута преку Морис, но недоволно за да освои барем бод.
Спорт
(Видео) Лајпциг го растури Дортмунд
Елиф Елмас од клупата за резерви ја гледаше победата на Лајпциг над Борусија Дортмунд (4:1), во 31.коло во Бундес лигата. Извесно е дека Лајпциг сезоната ќе ја заврши на четвртото место, Дортмунд е на петтата позиција, но ќе игра во Лигата на шампионите, бидејќи во новиот формат Бундес лигата ќе партиципира со пет екипи.
„Милионерите“ подобро влегоа во натпреварот, надмоќта ја крунисаа со евро-голот на Џејдон Санчо во 20.минута. Останатиот дел од натпреварот мина во доминација на Лајпциг.
Три минути подоцна изедначи Опенда. Во финишот на првото и почетокот на второто полувреме„биковите“ го скршија отпорот на противникот.
Шешко во втората минута од судиското надополнување на времето го постигна вториот гол, а Симакан во 46. зглеми на 3:1. Точка на натпреварот стави Баумгартнер во 80.минута.
Резултати 31. коло:
Баерн Минхен-Ајнтрахт 2.1
Аугсбург-Вердер 0:3
Фрајбург-Волфсбург 1:1