Регион
Новости: Киднапираните Срби се живи, грабнувачите ги менуваат барањата
Двајцата киднапирани служебници на српската амбасада во Либија се наоѓаат во една куќа на периферијата на градот Сабрата, пишува Вечерње новости.
Според белградскиот весник, српските безбедносни служби се во постојан контакт со либиските власти, а преку нив и со киднаперите, но ослободување на српските државјани постојано се отежнува поради тоа што грабнувачите постојано ги менуваат барањата.
Весникот наведува дека српскиот амбасадор во Либија, Оливер Потежица, во неделата кога се случило киднапирањето, заедно со придружбата во која биле и сега киднапираните службеници, заминал за Тунис во обид да го евакуира своето семејство.
„Во тек беше евакуацијата на неговата сопруга и синови, и тоа поради безбедносни причини. Амбасадорот на Србија добил информација дека состојбата не е поволна и одлучил да го повлече семејството. Во неделата се упатија кон Тунис и потоа требаше да се префрлат во Белград“, наведува извор на белградскиот весник.
Се верува дека зад киднапирањето на службениците Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ стојат криминални групи кои се поврзани со милициските фракции, а нивните барања наводно се однесуваат на пари и на оружје./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.