Црна хроника
Шиповиќ доби мерка куќен притвор

Обвинетиот Мирослав Шиповиќ од случајот „Претседавач” по одлука на Основиот суд Скопје 1 во петок доби мерка куќен притвор.
„Претседателот на судечкиот совет кој го води предметот К.бр. 32/14 во јавноста познат како „Претседавач” при Основниот суд Скопје 1 – Скопје по службена должност донесе одлука на обвинетите М.Ш., В.Д., С.Г., С.Т. и на Н.Ш. мерката притвор да им ја замени со мерка куќен притвор, со оглед на тоа што обвинетите досега не се осудувани, не се води друга постапка против нив, а воедно покажале и примерно однесување во текот на досегашната постапка. На денешното рочиште својата одбрана ја јаде деветто обвинетата С.Г”, се вели во соопштението од Судот.
Следното рочиште е закажано за 27 мај со сослушување на обвинетиот С.К. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец имал сексуален однос со штитеник од установа за згрижување деца, МВР постапува

Jавна установа за згрижување на деца пријавила дека на 27 април во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата.
Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје.
Црна хроника
Хаос во скопско казино: нападнат вработен оти не дозволил влез на малолетник, му дошле четворица

Вработен во скопско казино синоќа околу 2 часот бил нападнат од четири лица, откако не му допуштил влез на малолетник во казиното.
„Дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот. Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот“, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кумановка украла туѓа картичка и трошела од парите по казина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
„На 5 март во приватна компанија во Индустриската зона Бунарџик, пријавената одзела туѓа платежна картичка и неовластено извршила трансакции во две казина во Куманово“. соопшти полицијата во дневниот полициски билтен.