Црна хроника
Скопјанец обвинет за нелегално оружје и тешка кражба

Дваесет идвегодишен скопјанец е обвинет за две кривични дела, и тоа недозволено оружје и распрскувачки материи, како и дело тешка кражба, соопшти во саботата СВР Скопје.
Првото кривично дело пријавениот го извршил на почетокот на месецов, односно на 4-ти март, кога на булеварот „Македонско-косовска бригада” во близина на раскрсницата со улицата „Џон Кенеди” во скопската населба Чаир, кога припадници на полициската единица „Алфа”, откако имале добиени претходни сознанија го запреле возилото и при претрес кај лицето кое е идентификувано со иницијалите В.Р. во појасот од панталоните пронашле пиштол марка „ЦЗ “99 (Црвена застава) и една рамка со шест куршуми калибар 9 мм кои неовластено ги држи со себе.
Кривичното дело „тешка кражба”, пак, пријавениот го извршил на 26-ти февруари годинава во стан на улицата „Методија Митевски”, исто така во населбата Чаир, откако претходно се уверил дека нема да биде забележан од никого, со помош на погоден алат и физичка сила делувал на влезната врата која успеал да ја отвори. Во станот пронашол и украл еден службен пиштол марка „ЦЗ 99″ ( Црвена застава) и една рамка со 15 куршуми калибар 9 мм.
Инаку, станува збор за лице коешто минува во крим евиденциите на полицијата и против коешто веќе пред три години била поднесена кривична пријава, исто така, за тешка кражба./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.