Спорт
Кочов на местото на Лукајиќ во МЗТ
МЗТ Скопје Аеродром со нов тренер ќе ја брани титулата во македонскиот шампионат, откако српскиот стручњак Жељко Лукајиќ поради приватни причини се повлече, а на неговото место ќе дојде неговиот досегашен помошник, 33-годишниот Ѓорѓи Кочов, кој добива …


МЗТ Скопје Аеродром со нов тренер ќе ја брани титулата во македонскиот шампионат откако српскиот стручњак Жељко Лукајиќ поради приватни причини се повлече, а на неговото место ќе дојде неговиот досегашен помошник, 33-годишниот Ѓорѓи Кочов, кој добива договор и за следната сезона.
Кочов е поранешен селектор на македонската јуниорска репрезентација, а лани беше на клупата на Вардар. Негов прв меч ќе биде утрешното тешко гостување кај Блокотехна во Гевгелија.
Лукајиќ во таборот на аеродромци дојде лани во декември, како наследник на Александар Тодоров, по поразот од Работнички на домашен терен. Оттогаш, искусниот српски стратег оствари скор 11-3 во домашното првенство, додека во АБА-лигата имаше ефект од 11 порази и една победа.
Фото: МЗТ Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Модриќ го одигра последниот меч за Реал во ЛШ

Сонот за одбрана на титулата Реал Мадрид го заврши со поразот од Арсенал. „Топџиите“ првиот четвртфинален меч го добија со 3:0, а синоќа славеа и во реваншот во Мадрид со 2.1. Арсенал се пласира во првото полуфинале во елитното европско натпреварување од 2009 година.
Синоќешниот меч на „Бернабеу“ веојатно беше последен за Лука Модриќ во Лигата на шампионите.
Освојувачот на „Златната топка“ во 2018 година доби шанса да влезе во игра во 72. минута од натпреварот, во момент кога беше јасно кој ќе оди во полуфиналето.
Веднаш по завршувањето на натпреварот, познатата шпанска новинарка Аранча Родригез изненади многумина со својата објава на социјалната мрежа „Икс“.
„Се чини дека ова беше последниот натпревар на Модриќ за Реал Мадрид во Лигата на шампионите“.
Со оглед на тоа дека Родригез има добри врски во клубот, нејзините зборови сугерираат дека Реал нема да му понуди нов договор на Модриќ.
Долгогодишниот предводник на хрватската репрезентација има важечки договор со „лос бланкос“ до крајот на актуелната сезона. Тој сака да ја продолжи сорабтката и за наредната сезона, но јасно е дека по елиминацијата од Лигата на шампиони, Реал ќе прави одредена реконструкција во летниот преоден рок.
Модриќ е најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид со 28 трофеи. Меѓу нив има дури шест Лиги на шампиони, четири шпански титули, два Копа дел Реј, пет светски клупски првенства и пет европски Суперкупа.
Спорт
Евролигата го ограби Сплитер, тренер на годината е Јасикевичиус

Шарунас Јасикевичиус е добитник на трофејот „Александар Гомељски“, кој Евролигата му го доделува на најдобриот тренер во сезоната. Популарниот Шарас за прв пат во кариерата е прогласен за најдобар тренер на сезоната во Евролигата.
„И покрај бројните повреди, тој го предводеше Фенербахче до скор 23-11 и второто место во регуларниот дел од сезоната“, накратко ја објасни одлуката Евролигата, која веднаш ја ги подели кошаркарските фанови ширум Европа.
„Тиаго Сплитер е ограбен“, е чест коментар на социјалните мрежи по одлуката трофејот „Александар Гомељски“ да не му припадне на Бразилецот на клупата на дебитантот во евролигашкото натпреварување, тимот Париз.
Инаку, Јасикевичиус е првиот Литванец и 14. тренер во историјата на кого му е доделена наградата „Гомељски“.
Евролигата ја востанови оваа награда во 2004 година, оттогаш најпрестижната индивидуална награда во тренерската конкуренција три пати им припадна на Јоргос Барцокас и Жељко Обрадовиќ.
За најдобри двапати беа прогласени Еторе Месина, Пабло Ласо и Димитрис Итудис.
Спорт
Реал надигран и претрчан од Арсенал: како да играа со фудбалер помалку

Реал загуби од Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Откако во првиот меч „топчиите“ на домашен терен победија со 3:0, во реваншот на „Бернабеу“ славеа со 2:1. Арсенал во полуфиналето ќе игра против ПСЖ. Втората полуфинална двојка е Барселона – Интер.
Сите шпански медиуми истакнуваат дека вкупните 5:1 не се единствениот показател колку Реал бил инфериорен во однос на Арсенал. Во преден план ја ставаат и огромна разлика во однос на претрчаните километри.
Разликата во претршаните километри во првиот меч била 11,7 километри, а во вториот 9,5 километри.
„Реал истрча 21 километар помалку од Арсенал и истрча најмалку од сите осум четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Оваа статистика не е пресудна, но огромната разлика на Реал во однос на другите е зачудувачка“, пишува „АС“ и сликовито објаснува зошто е ова важно:
„Кога трчате 14 километри помалку од противникот, тоа е како да имате играч помалку“.
„Споредбата што ја направи Џуд Белингам пред реваншот против Арсенал беше потврдена и со бројките од реваншот. Реал истрча 107,5 километри, а Арсенал 116 километри. Реал имаше 9,5 километри помалку. Ова делува како Реал да играл со двајца фудбалери помалку, односно имал играч помалку во секој натпревар“.
„АС“ продолжува: „Оваа статистика е зачудувачка, но и донекаде погрешна. Затоа што во реваншот Реал го имаше поседот против Арсенал, кој играше на контра, а тоа бара повеќе трчање. На крајот на краиштата, во другите четвртфинални натпревари, екипите што испаднаа трчаа повеќе. Така, на два натпревари Баерн собра седум километри повеќе од Интер, а Вила имаше пет километри повеќе од ПСЖ, а Борусија три од Барселона. Но, никој не истрча 21 километар помалку од противникот“.
Шпанците посочуваат зошто е тоа важно: “Кога се поставува прашање за посветеноста на некои играчи или систем во кој недостига придонес во одбраната, оваа статистика ги поддржува споменатите хипотези. Бидејќи ниту една екипа меѓу осумте најдобри во ЛШ не истрча толку малку како Реал. Кој, беше и најтешко поразен”.