Спорт
Јуве ја имаше играта, Реал го имаше Роналдо! (видео)
Реал Мадрид со едната нога е во полуфиналето на Лигата на шампионите и за тоа навивачите на „Лос бланкос“ мораат да му бидат благодарни на Кристијано Роналдо, кој повторно го покажа своето знаење и својата вредност откако со два гола го „матираше“ Јуве…
Реал Мадрид со едната нога е во полуфиналето на Лигата на шампионите и за тоа навивачите на „Лос бланкос“ мора да му бидат благодарни на Кристијано Роналдо, кој повторно ги покажа своето знаење и својата вредност кога со два гола го матира Јувентус сред Торино, а Реал си замина со 0:3 победа.
Јувентус одигра еден одличен натпревар и му недостигаше малку среќа да стави два-три гола во мрежата на Кејлор Навас, меѓутоа, „кралскиот клуб“ си заминува во Шпанија со огромна предност благодарение на магијата на Роналдо, кој веќе има 15 гола во Лигата на шампионите оваа сезона.
Шокот беше направен уште во третата минута кога по асистенцијата на Иско, Роналдо ја смести топката зад грбот на Буфон. Јувентус го крена нивото на играта и имаше неколку одлични шанси како во 23. минута кога само одличната реакција на Навас го спаси Реал.
Притисокот на Јуве продолжи и во второто полувреме, но Роналдо повторно стапи на сцена во 64. минута со еден од најубавите голови што ги постигнал во кариерата кога со „ножички“ покажа зошто изјавата на Буфон дека има „бессони ноќи“ од Португалецот не беше смешна. Голот беше толку добар што дури и навивачите на Јуве му аплаудираа на Роналдо.
THE CRISTIANO RONALDO SHOW. pic.twitter.com/oAhGWBuhlm
— Olayinka (@GalacticoHD) April 3, 2018
Оттогаш сѐ тргна наопаку за „бјанконерите“ – само две минути подоцна Пауло Дибала доби втор жолт картон, а во 72. минута Роналдо се покажа и како асистент додавајќи му на Марселона за 3:0 и за крај на надежите на Јуве.
Вториот дуел од четврт-финалето беше поинтересен, барем резултатски. Баерн Минхен ја победи Севилја со 1:2 за да најави дека нема да се повтори сензацијата од елиминацијата на Манчестер јунајтед.
На преполниот „Рамон Санчез Писхуан“ домаќините имаа предност преку Пабло Сарабија, кој првин имаше легендарно промашување за потоа да го погоди голот во 31. минута. Баерн, сепак, до полувремето ја врати рамнотежата кога во 37. минута Навас си постигна автогол.
PARA QUÉ TE TRAJE#ChampionsxFOX Pifia del tamaño del Sánchez Pizjuán de Sarabia frente al marco del Bayern Munich
En FOX Sports y App https://t.co/8VTiBb1qp2 pic.twitter.com/VKoVGECpY2
— FOX Sports MX (@FOXSportsMX) April 3, 2018
Човек на одлука за тимот на Јуп Хајнкес беше Тијаго Алкантара кога во 68. минута ја искористи одличната асистенција на Рибери за да го совлада Сорија.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41
Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носел бројот 41 на својот дрес.
Легендарноот Германец бројот 41 го носеше во Далас Маверикс, додека во националниот тим за него беше резервиран бројот 14.
„Почнав да играм кошарка со број 11 бидејќи татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс Баркли го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Почнав да го носам бројот 14. В репрезентацијата играв со тој број“, изјави Новицки, а потоа додаде:
„Кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој број го носеше Роберт Пек. Тој ми рече: „По ѓаволите, не, нема да го добиеш мојот број“.На крајот само направив рокада на бројките и 14 стана 41“.
Спорт
ПСВ шампион на Холандија по шест години
Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизија.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута.
Метињо погодија за Спарта во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку.
Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови.
До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.