Спорт
Барселона зачекори во полуфиналето (Видео)
Барселона направи голем чекор кон пласманот во меѓу најдобрите четири екипи во Европа, откако во првиот четврт-финален меч воЛигата на шампионите ја победи Рома со 4:1.
Римјаните на „Ноу Камп“ излего со јасна определба, да ги затворат приодите кон свој…


Барселона направи голем чекор кон пласманот во меѓу најдобрите четири екипи во Европа кога во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите ја победи Рома со 4:1.
Римјаните на „Камп Ноу“ излегоа со јасна определба да ги затворат приодите кон својот гол и со брза транзиција да се обидат да ѝ направат штета на Барселона.
Со таква тактичка определба Рома имаше 0:0 до 39. минута кога Де Роси постигна автогол, што ретко се гледа на фудбалските терени.
Еден гол предност Барса имаше по првиот дел, а предноста ја удвои во 54. минута со нов автогол. Овој пат Алисон го совлада грчкиот дефанзивец Манолас.
Во тие моменти играта на Рома се распадна, одбраната беше и премногу порозна, а како резултат на таквата игра дојде и голот на Пике во 58. минута.
Трошка надеж на Рома дека ќе може да направи некакво чудо во реваншот ѝ даде Џеко со погодокот во 80. минута.
Но, она што го стекнаа со многу труд, римјаните лесно го изгубија кога во 87. минута Луис Суарез меѓу шестмина играчи успеа да ја искористи катастрофалната интервенција на Гоналон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ знаел дека Мелоун ќе добие отказ: Ранетиот ѕвер е најопасен

Шок терапијата во Денвер се покажа успешна. По смената на тренерот Мајк Мелоун, Нагтес ја прекинаа серијата од четири порази, победија во Сакраменто со 124:116.
Никола Јокиќ до крајот на третата четвртина го забележа 33. трипл-дабл во сезоната, 163. во кариерата (20 поени, 12 скокови, 11 асистенции).
По мечот имаше што да им каже на новинарите.
„Велат дека сме ранливи, но ранетиот ѕвер секогаш е најопасен. Го разбудија ѕверот“, рече Јокиќ, а потоа го коментираше отказот што го доби тренерот Мелоун, откривајќи дека имал комуникација со газдата Џош Кренке.
„Знаев пред кој било друг. Џош ми рече „Донесовме одлука“. Тоа беше тоа. Немаше дискусија. Кренке одлучи и ми кажа зошто. Го послушав и прифатив“, заклучил Јокиќ.
Спорт
(Видео) Интер го елиминира Лос Анџелес, два гола на Меси

Фудбалерите на Интер Мајами се пласираа во полуфиналето на Купот на шампионите КОНКАКАФ. Во реваншот Интер го победи Лос Анџелес со 3:1.
Лос Анџелес победи со 1:0 во првиот натпревар, а во реваншот поведе со голот на Арон Лонг во деветтата минута.
Во 31. минута, по интервенција од ВАР собата на Лионел Меси му беше поништен гол од сободен удар, а четири минути подоцна Аргентинецот успеа да го изедначи резултатот.
Аргентинецот потоа му асистираше на Ноа Ален за водечкиот гол во 61. минута. На Луис Суарез шест минути подоцна му беше поништен гол поради офсајд, а Меси ја обезбеди победата во 84. минута со гол од пенал.
Спорт
Јамал испиша историја во ЛШ, Рафиња изедначи рекорд на Меси

Барселона со убедливиот триумф над Борусија Дортмунд зачекори во полуфиналето во Лигата на шампионите. Рафиња, Левандовски (два пати) и Јамал ги постигнаа головите за Барселона.
Рафиња и Јамал влегоа во клупската историја.
Суперталентираниот 17-годишен фудбалер влезе во историјата како единствен играч кој одиграл 20 натпревари во Лигата на шампионите пред да наполни 18 години.
На претходните 19 натпревари, Џамал постигна три гола и запиша шест асистенции.
Неодамна собори уште еден рекорд со тоа што стана најмладиот играч со гол и асистенција на еден меч од Лигата на шампионите.
Шпанскиот репрезентативец постигна гол и асистираше на Рафиња во победата на Барселона над Бенфика од 3:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на 17 години и 241 ден.
Рафиња го израмни рекордот на Лионел Меси по број на голови и асистенции во една сезона од Лигата на шампионите.
Во сезоната 2011/12, славниот Аргентинец учествуваше во вкупно 19 гола за Каталонците, што сега му успеа и на Бразилецот, бидејќи неговиот гол против жолто-црните од Вестфалија беше негов 12-ти од почетокот на сезоната, а има и седум асистенции.
Рафиња до крајот на натпреварувањето има одлична можност да го претекне Меси и да постави нов клупски рекорд.