Црна хроника
Македонец уапсен во Хрватска поради обид за шверц на цигари
Македонски државјанин бил уапсен во вторникот на меѓународниот граничен премин Бајаково, на хрватско-српската граница, поради обид за шверц на цигари, јавуваат хрватските медиуми.
Четириесет и четиригодишниот државјанин на Македонија во возилото со кое управувал, „VW Caddy” со бугарски регистарски таблички, имал сокриено 990 кутии цигари за кои најверојатно сакал да избегне да плати царина.
Полициските службеници се посомневале во случајот, по што го претресле возилото и ги откриле цигарите, а возачот веднаш бил уапсен и предаден на притворскиот надзорник во полициската станица во Вуковар./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се судрија товарни возила во Битола: тешко повреден сопатник
Во СВР Битола, вчера во 13.15 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„1-ви Мај“ и ул.„Широк сокак“, кај Саат кула во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(45) од с.Долно Оризари, битолско и товарно возило „ивеко“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Лопатица, битолско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „ивеко“ А.М.(48) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Охриѓанец го нападнал неговото семејство, па почнал да крше по дома
Полицијата соопшти дека против охриѓанец ќе бидат превземени соодвeтни мерки откако тој го нападнал неговото семејство а потоа почнал да крши по дома.
Имено, во СВР Охрид вчеравечер околу 03 часот, било пријавено дека, М.К. од Охрид бил агресивен кон неговото семејство.
Како што соопшти полицијата тој оштетил и дел од куќниот инвентар.
Надлежните информираат дека против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Крадел во угостителски објект во Охрид: уапсен маж од Австралија
Утрово во 06.35 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, лишен од слобода е К.Р.Х. (34) од Австралија.
Тој се сомничи, дека е сторител на кривично дело „Тешка кражба“ извршена во угостителски објект во Охрид.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.