Македонија
(Видео) Жбогар до политичарите: Интеграцијата во ЕУ не е техничка вежба со мапи

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, смета дека извештајот го потврдил напредокот на Договорот од Пржино, како и изборите од декември 2016 со што се дала неусловена препорака за почнување преговори со ЕУ.
„Потребно е да се пофали владината коалиција која се врати назад на патот до реформите. Пофалба и за опозицијата затоа што се посвети на реформскиот процес. Останува многу да се заврши и комплетира. Препораката е јасна за потребата да се спроведат реформите. Она што ЕУ ќе го прави следните месеци е мониторинг на чекорите. ЕУ земјите членки ќе ги оценуваат реформските закони“, вели Жбогар.
Евроамбасадорот го пофали Договорот со Бугарија, но и разговорите за решение на проблемот со името, кој Македонија го има со Грција. Жбогар ги потсети политичарите дека процесот за интеграција не е техничка вежба со планови и исцртани мапи, туку спроведување на евроспките вредности.
„Треба да се даде простор на институциите за да ги завршат сите задачи. Собранието треба да контролира. Стратегијата навести дека ЕУ ќе стане посилна пред да стане поголема. Мора да веруваме во довербата и посветеноста на граѓаните за да стигнеме до демократска Европа“, додаде Жбогар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.