Надворешна политика
Нимиц: Време е да се реши прашањето за името
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/nimic20sam-3.jpg)
Медијаторот на ОН во преговорите помеѓу Македонија и Грција за решавањето на спорот за името, Метју Нимиц во интервју за грчкиот весник Kathimerini вели дека сега е времето за конечно решавање на ова прашање, нагласувајќи ја потребата за „брза интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ“.
„Поминаа веќе 20 години од потпишувањето на Времената спогодба и мислам дека останав само јас од сите тие што тогаш беа на таа маса. Јасно е дека е сега е времето за да се реши ова прашање. Проблемот со бегалците, кој ги засега и двете земји, потоа терористичките закани во регионот, како и економските потешкотии со кои се соочува југоисточна Европа се само дополнителни причини за решавање на ова прашање. Заемен договор би отворил пат за подобра соработка, посилен евроатлански пристап кон решавање на регионалните проблеми и нешто што би било од интерес за двете земји“, вели Нимиц во интервјуто.
Запрашан дали е оптимист дека проблемот наскоро ќе биде решен, Нимиц вели дека изминатите години спорот за името не бил меѓу важните приоритети на двете земји, бидејќи тие имале други поважни прашања.
„Не ги критикувам околу тоа но мислам дека сега е времето да се фокусираме на ова прашање со поголем интензитет и со цел да се реши. Апсолутно сум убеден дека прашањето може да се реши, бидејќи ова не е случај каде што едната страна победува, а другата губи. Можно е да има решение кое ќе биде од корист за двете земји, постигнувајќи ги целите на секоја страна. Мораме прашањето да го вметнеме во еден итен процес и да ги вклучиме лидерите на двете земји. Процесот на ОН, но исто така и поддршката од пријателите, можат да бидат од големо значење“, потенцира Нимиц.
Во однос на тоа како би изгледало решението, Нимиц објаснува дка според него, најпрво двете страни „мора да се договорат околу име кое ќе го соддржи терминот Македонија, но со разумна одредница, односно географска одредница би било најдоброто нешто за да се обезбеди достоинството на земјата, но исто така да се разграничи од поголемиот дел на Македонија, кој е нераскинлив дел од Грција“.
„Мора да има и договор за секундарните аспекти на името, како што се неговата употреба и периодот на транзиција, и верувам дека со добра волја и дискусии помеѓу двете с трани, ова може да се постигне. Трето, мора да постојат уверувања дека прашањето за територијалните претензии еднаш и засекогаш ќе биде тргнато на страна и основата на врската помеѓу двете земји ќе биде мирната соработка. Четврток, идентитетот на луѓето кои се вмешани треба да се почитува. Петто, културното наследство на сите граѓани исто така мора да се почитува. Шесто, потребна е брза интеграција во НАТО, како и почеток на преговорите со ЕУ, кои ќе бидат водени од страна на Европската комисија. Исто така, би било корисно доколку има средба помеѓу двајцата премиери“, додава Нимиц.
Посредникот додава дека во поглед на следните чекори, важно е Атина и Скопје да го стават решавањето на овој проблем високо на нивната агенда. Според него, неодамнешните средби помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Никос Коцијас и Никола Попоски биле конструктивни и тој се надева дека ќе продолжат. Нимиц додава дека посетата на Коцијас на Македонија пред неколку месеци била важен чекор во градењето на доверба помеѓу двете страни, нешто што било договорено и во рамките на мерките за градење на доверба.
„Наскоро треба да има средба помеѓу двајцата премиери. Гледајќи како тие се однесуваат како лидери и преговарачи, и имајќи предвид дека се сретнав и со двајцата на неодамнешното Генералнот собрание на ОН, сметам дека тие ги познаваат прашањето и знаат како да преговараат. Секој ќе ги брани националните интереси на сопствената земја, но тие имаат стратешка визија и политичка храброст да најдат решение“, вели посредникот.
Запрашан околу неговите импресии од македонскиот премиер Никола Груевски, Нимиц вели дека тој е „интелегентен и има силна личност, е ефективен лидер и од сите аспекти е свесен за прашањето“. Нимиц објаснува дека на Генералното собрание имал средба со Груевски и неговиот грчки колега Ципрас на која двете страни ги претставиле своите позиции во однос на прашањето за името на јасен начин и со почитување за другата страна.
Посредникот на крајот во интервјуто додава дека во моментот има контакт и со двете страни и дека наскоро ќе одлучи околу неговата следна посета на двете земји./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.