Европа
Почина грузискиот симбол на перестројката – Едуард Шеварнадзе
Поранешниот претседател на Грузија, и советски министер за надворешни работи Едуард Шеварнадзе, кој почина во понеделникот по долга и тешка болест во 87-та година од животот, ја имаше една од клучните улоги во ставањето крај на Студената војна и во периодот од падот на комунизмот.
Шеварнадзе како шеф на дипломатијата во владата на последниот советски челник Михаил Горбачев во голема мера придонесе за подобрување и затоплување на доносите со западот, пред падот на Берлинскиот ѕид и распадот на Советскиот сојуз. Го сметаат, исто така, за едена од идејните зачетници на „перестројката“, програмата за реформи на советската економија и политика, за којашто Горбачев своевремено рече дека е осмислена за време на прошетка на брегот до Црното Море со неговиот грузиски другар, со кој подоцна, сепак, се разиде. По распадот на Советскиот сојуз, Шеварнадзе се врати во родната Грузија и стана нејзин прв претседател донесувајќи одредена политичка стабилност по периодот на анархија по осамостојувањето. Од власта беше соборен во ткн Револуција на розите во 2003 година којашто имаше поткрепа од Западот, а последните години од животот ги мина својата резиденција, малку патуваше и се појавуваше во јавноста. Шеварнадзе е роден на 25-ти јануари 1928 година во тогашната Транскавкаска Социјалистичка Федеративна Советска Република, којашто ги опфаќаше териториите на денешните Ерменија, Азербејџан и Грузија. Неговиот татко бил учител и убеден комунист, со што не се согласувала мајка му и постојано се обидувала двајцата да ги наговори да престанат да се занимаваат со политика. Во подмладокот на Комунистичката партија Шеварндзе влегол во 1946 година и брзо напредувал.Во текот на 1970-те години се борел против советската бирократија и вовел пазарни реформи. Со особена жестокост се борел против корупцијата во Комунистичката партија, одземајќи им ги на стотиците функционери луксузните автомобили и вили, а многу од нив и сменувајќи ги од должностите. Неговите реформи биле толкави, што некои историчари дури сметаат дека политиката на гласност и отворање, не ја вовел Горбачев во 1980-те, туку Шеварнадзе една деценија претходно. Како советски министер за надворешни работи во периодот меѓу 185 и 1990 година, кога започна смирувањето на ткн Студена војна, беше на чело на трансформацијата на советската надворешна политика. Иако немаше речиси никакво искуството во надворешната политика, ги предводеше новите советски политики на гласност и перестројка, отворање и реструктуирање. Учествуваше, така, во преговорите за цела низа важни договори за контролата на вооружувањето, вклучително и за Спогодбата за нуклеарните сили со среден дострел со кој беше елиминирана цела класа атомско вооружување. Ги повлече и советските трупи од крвавата инвазија во Авганистан и отвори пат кон независноста на државите од источна и од средна Европа од поранешниот Варшавски договор, повлекувајќи ги трупите во границите на Советскиот сојуз. „Знаете, навистина тогаш го променивме светот (…) и главната заслуга за тоа му припаѓа на Горбачев“, изјави Шеварнадзе во едно интервју до 2000 година. Меѓутоа, со своите либерални ставови си создаде и многу непријатели во конзервативните советски кругови. Со својата драматична оставка во декември 1990 година го изненади и самиот Горбачев. Стравувајќи дека советскиот лидер можеби попушта пред конзервативните елементи, Шеварнадзе драматично предупреди дека СССР го очекува диктатура. Осум месеци подоцна, во август 1991 година, кога на улиците на Москва се појавија тенкови што беше толкувано како обид за државен удар, изгледаше дека прогнозата на Шеварнадзе се остварува. Тој на барикадите му се придружи на Борис Елцин. Наводниот државен удар беше оневозможен во следните неколку дена и Шеварнадзе повторно стана министер за надворешни работи, но само еден месец. Советскиот сојуз се распадна, како и неговата родна Грузија, во којашто започна граѓанска војна. Во март 1992 година се врати во грузиската престолнина Тбилиси, откако по бегството на тогашниот челник, земјата остана без водство. Без вистински противник лесно ја презема власта, но тешко воведуваше ред, дури и во парламентот. Успеа да ја сопре граѓанската војна, но Грузија и натаму остана нестабилна. Во 1995 година, кусо време откако преживеа атентат, избран е за грузиски претседател.Покрај историскиот проблем на сепаратистичките тенденции на Абхазија и Осетија, Шеварнадзе се соочуваше и со политичкиот спор со соседните држави од блиските нафтоносни полиња во Баку. Корупцијата и натаму се развиваше, па од него почнаа од него да бараат поголеми реформи. Кризата кулминираше во ноември 2003 година, која, по оспоруваната негова победа на претседателските избори, беше соборен со масовни протести на опозицијата. Неговите критичари, коишто го заземаа грузискиот парламент, го обвинија дека е исто толку корумпиран и недемократ, колку и неговите претходници. Шеварнадзе беше притиснат и единствен избор беше да поднесе оставка. „Мислам дека мојата оставка беше единствениот начин да се избегне крвопролевањето“, ќе рече подоцна за тие денови. Човекот којшто, по сопствени зборови, придонесе за крајот на Студената војна, ослободувањето на централна Европа, обединувањето на Германија и демократизирањето на Советскиот сојуз, така од власт беше соборен, по игра на судбината, од луѓето чиешто поимање на демократијата беше сосема спротивно од неговото/крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.
Европа
Берлинскиот аеродром ги одложи сите полетувања поради снег и замрзнат дожд
Аеродромот во Берлин утрово соопшти дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град.
„Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин-Бранденбург поради временските услови“, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш се замрзнува.
Aufgrund der Wetterbedingungen sind derzeit keine Starts möglich. Bitte überprüfe den Flugstatus bei deiner Fluggesellschaft. pic.twitter.com/24cLdrNg5L
— BER – Berlin Brandenburg Airport (@berlinairport) February 5, 2026
Прекинот влијае само на полетувањата, а дојдовните летови сè уште можат да слетуваат, изјави портпаролката. Не е познато колку долго ќе бидат запрени полетувањата.
Затоа, патниците можат да очекуваат откажувања на летови и значителни доцнења и им се препорачува да ја проверат состојбата на своите летови кај авиокомпаниите.
Германската метеоролошка служба (DWD) предупреди на висок ризик од опасни ледени услови во Берлин поради замрзнат дожд и мраз.
Европа
Зеленски: Се надевам дека војната во Украина ќе заврши следната година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека завршувањето на војната е врвен приоритет на Украина и изрази надеж дека мирот може да се постигне во текот на следната година преку активни дипломатски напори и преговори. Во интервју за француската телевизиска станица Франс 2, Зеленски ја нагласи посветеноста на неговата администрација на мирно решение.
„Навистина се надевам дека за една година ќе има мир во Украина. Ќе направиме сè што можеме. Ова е наш приоритет, мој и на мојот тим. Мојот тим во моментов преговара. Наш приоритет е да ја завршиме оваа војна“, рече Зеленски.
Зеленски нагласи дека Русија се обидува да ги претстави своите ултиматуми како потрага по компромис, а во исто време продолжува да напаѓа цивили и да користи студено оружје како оружје.
Тој рече дека колку повеќе цивили убива Русија, толку е подалечна можноста за постигнување вистински договор.
Тој нагласи дека дипломатскиот пат не значи капитулација или прифаќање на руските ултиматуми, нагласувајќи дека барањето на Москва за повлекување на украинските сили од Донбас е „црвена линија“.
Зеленски истакна дека дури и „замрзнувањето“ на фронтовската линија на нејзините сегашни позиции би било „огромна отстапка“ од страна на Украина, но рече дека останува подготвен за дијалог за зачувување на независноста на земјата.
Коментирајќи ја иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон за продолжување на дијалогот со рускиот лидер Владимир Путин, украинскиот претседател рече дека разговорите се можни, но само „под одредени услови“. Тој додаде дека притисокот врз Русија сè уште не е доволен и дека Путин во моментов ги користи преговорите за да ја понижи Европа, а не во потрага по мир.
Во истото интервју, Зеленски откри дека 55.000 украински војници загинале во четири години тотална војна, додека значителен број ветерани сè уште се водат како исчезнати. Една година претходно, во интервју за Ен-би-си, тој објави повеќе од 46.000 воени жртви.

