Европа
Русија доби согласност од Украина за доставувањето на помошта
Руското министерство за надворешни работи соопшти во вторникот дека конвојот со хуманитарна помош кој тргна од Русија кон источна Украина каде во побунетите рускојазични региони треба да биди предадено на цивилното населени, ќе ја мине границата во придружба на Црвениот крст, и дека за тоа добило нота од украинската дипломатија која изразила подготвеност да ја прифати руската хуманитарна помош.
Во разговор со новинарите, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека руското министерство за надворешни работи до украинското испратило писмо со барање дозвола да започне транспортот на рускиот хуманитарен конвој.„Конвојот тргна. Добивме писмо со потврда за подготвеноста на украинската страна дека оваа помош ќе биде прифатена. Нотата пристигна денеска“, изјави Лавров. Потсети дека последните денови имало интензивна работа за да се усогласат деталите од хуманитарната операција. „Во соработка со Меѓународниот комитет на Црвениот крст, со украинското раководство, со претставници на други меѓународни организации, вклучително и Обединетите нации и Организацијата за безбедност и соработка во Европа, разработивме шема којашто во понеделникот конечно беше финализирана“, рече Лавров, пренесе Итар-Тасс.Според него, Русија притоа ги земала предвид без исклучок сите барања на украинската страна за сите аспекти на операцијата, вклучително и рутата по која ќе се движи конвојот а којашто ја предложиле властите во Киев, и покрај тоа што ќе треба да се направи многу големо заокружување од околу илјада километри, за што некои руски медиуми сметаат дека на хуманитарниот конвој ќе му бидат потребни неколку дена да стигне до одредиштата во Луганск и Донецк, каде локалното население како последица на воените дејствија и офанзива на украинската армија против проруските бунтовници повеќе од седмица е без електрична енергија, вода за пиење, а се веќе се потрошени и резервите од најосновните лекарства, храна и гориво. „Сепак, ние тргнавме по таа маршрута, кој е погоден за киевските власти. Се согласивме и на нашите транспорти да се појават украински ознаки за време на транспортот низ територијата на Украина“, додаде Лавров и дека е постигната согласност во камионите со помошта да има не само претставници на Црвениот крст и на ОБСЕ, туку и украински претставници. Според Лавров, Украина се откажала од идејата да се претовари целиот товар од рускиот хуманитарен конвој на украински камиони откако детално ќе биде проверен на границата. Како што беше претходно објавено, оваа иницијатива беше истакната од претставниците на украинските власти во текот на преговорите.„Тие го поставија прашањето на претовар на продуктите од сите 287 камиони во камиони коишто би требало да ги изнајми Црвениот крст, но од очигледно причини, од таа замисла на крајот се откажаа, бидејќи ќе ја усложнеше и ќе ја направеше многу скапа реализацијата на оваа хуманитарна акција“, рече шефот на руската дипломатија. Лавров соопшти и оти се надева дека Украина ќе ја гарантираат безбедноста на конвојот кога ќе минува по територијата што ја контролираа нејзините сили. „Цврсто веруваме во убедувањата што ни ги дадоа украинските власти дека ќе ја гарантираат безбедноста на движењето на целата колона по територијата што ја контролираат киевските сили“, рече.Лавров истакнал и дека бунтовниците, исто така, ќе обезбедат без пречки да минува низ областите кои тие ги контролираат. „Соодветен однос кон оваа хуманитарна акција очекуваме и од милициите (како што Москва ги означува ткн народни милиции на самоодбраната на русофоното население во источна Украина). Такви изјави добивме од таму. Убеден сум дека од нивна страна нема да има ниеден инцидент, имајќи предвид дека тие се наоѓаат на територијата чиишто жители имаат потреба од итна хуманитарна помош, истакна Лавров. /крај/мф/сн
Извор: Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски нуклеарни бомбардери летаа околу Скандинавија, ги следеа странски ловци
Руските стратешки бомбардери „ту-95“, способни да носат нуклеарно оружје, извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море, а за време на мисијата беа придружувани од странски борбени авиони. Руското Министерство за одбрана ја објави веста, без да го прецизира точниот датум на летот или за кои странски авиони станува збор, пишува „Киев пост“.
„Стратешките ракетни носачи ‘ту-95МС’ извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море“, се вели во соопштението на Министерството објаснувајќи дека станува збор за област северно од Скандинавија и северозападно од Русија.
„Во одредени фази од рутата бомбардерите со долг дострел беа придружувани од борбени авиони на странски земји“, се додава. Москва исто така рече дека ваквите летови се одржуваат редовно во многу региони и се во согласност со меѓународното право.
Европа
(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во Јејск, како дел од подготовките за напад врз руска подморница во градот Новоросијск.
„Ова е авион дизајниран за поморско извидување, пребарување на подморници, следење на морски површини, поставување мински полиња и извршување напади со торпеда“, соопшти СБУ.
Според украинското разузнавање, погодениот Ил-38Н активно дејствувал против украински поморски беспилотни летала. Проценетата вредност на авионот е околу 24 милиони долари. СБУ истакнува дека Русија имала само еден авион од оваа класа во Црното Море способен да го открие украинскиот подводен дрон „Sub Sea Baby“ додека се движел кон својата цел.
Онеспособувањето на леталото, тврди УСБ, овозможило успешно спроведување на главната фаза од специјалната операција, експлозијата на руската подморница од класата Варшавјанка.
„За напад врз Ил-38Н, УСБ користела современ дрон со боева глава за површинска детонација опремена со 2.000 фрагменти насочени надолу. Детонацијата се случила директно над главната опрема и радарскиот оддел, а моторот бил оштетен“, објави украинското разузнавање.
УСБ претходно објави дека на 15 декември, за прв пат во историјата, руска подморница била уништена со употреба на подводни дронови „Sub Sea Baby“. Нападот во Јејск, според украинските тврдења, бил клучен предуслов за успехот на операцијата.
Европа
(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал
Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција, соопшти Рускиот истражен комитет.
Според официјалното соопштение, двајца полицајци забележале сомнително лице во близина на службено полициско возило. Кога му се приближиле за да го идентификуваат и да го приведат, била активирана експлозивна направа.
„Двајца полицајци и едно лице кое било во нивна близина починале од повредите на местото на настанот“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. Експлозијата се случила во густо населена област на градот. Членови на Истражниот комитет, полицијата, Росгвардија и службите за итна медицинска помош остануваат на местото на настанот.
🇷🇺🇺🇦 Moscow appears hit by another terror attack
An explosion in southern Moscow killed three — two police officers and an unidentified suspect
Officers noticed a suspicious person near their patrol car overnight, but as they moved to detain them, an explosive device detonated… pic.twitter.com/K5Jpeu9OJD
— The Other Side Media (@TheOtherSideRu) December 24, 2025
Руските власти потврдија дека е отворена кривична постапка. Најавено е дека ќе бидат спроведени неколку форензички вештачења, вклучувајќи медицински и експлозивно-технички вештачења, за да се утврдат околностите на инцидентот, видот на експлозивната направа и начинот на нејзино активирање.
Државното обвинителство ја презеде истрагата. Сè уште не е објавено дали третото лице кое загинало било напаѓач или дали постои врска со организирани структури или политички мотиви.
За потсетување, пред два дена, рускиот генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во Москва, во близина на местото каде што се случи и синоќешната експлозија, а ова беше трет случај на убиство на генерал во Москва за една година.

