Скопје
Вкупно 7.100 основци ја почнаа учебната година во Општина Гази Баба
Учебната 2014/2015 година во понеделник ја почнаа 7.100 ученици во 11 основни училишта во Општина Гази Баба.
Оваа година во прво одделение се запишале 750 ученици.
Градоначалникот Тони Трајковски присуствуваше на првиот училишен час во реновираното основно училиште „Наум Охридски“ во Раштак и во основното училиште „Дане Крапчев“ во Ченто.
За добредојде на првачињата, постарите другарчиња подготвија пригодна програма.
Градоначалникот ги поздрави првачињата, учениците и наставниците и им посака успешна училишна година.
Како што соопшти Општината, пред почетокот на учебната година во сите основни училишта се направија реновирања на работните простории, на објектите и на училишните дворови.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Во текот на една недела санкционирани 𝟣𝟦𝟤 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23.12. до 29.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 142 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, соопшти ПОЦ.
Скопје
Смарт таблети и новогодишни пакетчиња за децата и учениците од општина Илинден
По повод новогодишните и божиќните празници градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, додели 100 смарт таблети, таму кадешто е најпотребно во трите основни училишта на територија на општина Илинден. Смарт уредите се наменети за ученици од прво до осмо одделение, како и за ученици од социјално ранливи семејства, со цел успешно следење на наставата по новиот концепт и програма.
Градоначалникот Георгиевски, истакна дека главната цел, е обезбедување на квалитетна настава и креирање на можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. Со овие таблети ќе им се помогне на децата од социјално загрозените семејства, ќе се зголеми квалитетот на образовниот процес на учениците, а локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.
Денеска градоначалникот додели новогодишни пакетчиња и за децата со попреченост од двете хуманитарни здруженија ,,Боиме сино” и ,,Илинден” кои се единствени на територија на општина Илинден и со кои локалната самоуправа има потпишано Меморандум за соработка.
Како што изјави градоначалникот Георгиевски, со овие новогодишни пакетчиња сакаме и на овие деца да им подариме насмевка и да почувствуваат дека се дел од нас, а ние не сме ги забораваме.
Градоначалникот Александар Георгиевски на сите деца им посака во новата 2025 година да имаат здравје, среќа и љубов.
Скопје
Опожарени два пластични контејнера во скопската општина Центар
Пред неколку часа, непознати сторители опожариле два сада наменети за одлагање комунален отпад во скопската населба Дебар Маало.
Контејнерите се лоцирани на улицата Орце Николов, во непосредна близина на Генералштабот и истите се со зафатнина од 3,2 кубни метри. Двата опожарени контејнера се неупотребливи и во најкус можен рок ќе бидат заменети од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Опожарувањето на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и го оневозможува навременото реализирање на активностите предвидени согласно Оперативната програма за работа на ЈП Комунална хигиена-Скопје. Од почетокот на 2024 година се опожарени 22 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени кај надлежните органи“, посочуваат од Општина Центар.