Топ
Македонец и Србин уапсени за шверц на антички монети и артефакти со непроценлива вредност
Македонец кој живее во Виена и српски државанин кој живее во валандовското село Марвинци се уапсени на граничен премин при обид да изнесат од земјава вредни антички монети и артефакти со непроценлива вредност. Кумановската полиција поднесе кривична пријава до обвинителството против С.Г. (47) од Србија со живеалиште во с. Марвинци, Валандовско и М.Ј. (51) македонски државјанин со живеалиште во Виена, Австрија, поради „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”.

На 4 мај околу 3:30 часот на излез од земјава кај српскиот државјанин се пронајдени 20 антички монети, едно античко копче, додека, пак, при извршен претрес врз возило „волво С80“ со австриски регистарски таблички, сопственост на македонскиот државјанин М.Ј., пронајдени се 47 римски пари и други археолошки артефакти (еден прстен, една белезица и археолошки предмет од глина, десет археолошки монети – артефакти, метален етнолошки рулет и една хартиена паковка со девет археолошки монети артефакти, три метални броша, две парчиња археолошки предмети – дел од вага и две парчиња македонски археолошки монети артефакти).

Двајцата се приведени од страна на полициските службеници на граничниот премин „Табановце“ и се предадени во СВР Куманово за понатамошно постапување. „На местото каде што се пронајдени предметите на ГП ‘Табановце’, од страна на стручни лица од НУМ Куманово и двајца археолози е извршен преглед при што е констатирано дека предметите се културно наследство или природни реткости со непроценета вредност“, информираат од полицијата.
Со претходно обезбедена судска наредба од страна на полициските службеници при СВР Струмица е извршен претрес во домот и помошни простории на српскиот државјанин С.Г. при што се пронајдени и околу два килограми непозната растителна материја и неколку стари монети и други предмети. Дополнително, по консултација со ОЈО Куманово одлучено е одземените предмети да бидат сместени во просториите на СВР Куманово се до издавање наредба од Национална установа Археолошки музеј на Македонија – Скопје кој ќе изврши процена на оригиналноста на уметничките предмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Регион
Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба
Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање на стоки, услуги и обврски, соопшти Министерството за финансии на Бугарија.
Според законот за воведување на еврото во Бугарија, цените на стоките и услугите и понатаму ќе бидат истакнати во двете валути до 8 август 2026 година, со цел да се обезбеди транспарентност и да се спречат шпекулативни практики, јавија бугарските медиуми.
Граѓаните на Бугарија кои и понатаму поседуваат левови можат бесплатно да ги заменат во банките и во „Бугарски пошти“ до 30 јуни 2026 година, додека Националната банка на Бугарија (БНБ) ќе обезбеди бесплатна и неограничена замена на левовите во евра и по тој датум.
Министерството за финансии потсетува дека трговците веќе немаат обврска да примаат левови, а кусурот во секоја трансакција се враќа исклучиво во евра.
Бугарија на 1 јануари 2026 година официјално го воведе еврото и стана 21-ва членка на еврозоната, точно 19 години по влезот во Европската унија.

