Спорт
Сержи Роберто доби четири меча казна за ударот на Марсело (видео)
Барселона веднаш одговори дека ќе се жали на одлуката Сержи Роберто да добие суспензија од четири меча по црвениот картон на „Ел Класико“ против Реал, одлука за која веруваат дека е „скандалозна“.
Ако остане казната, тоа значи дека десниот бек нема да …


Барселона веднаш одговори дека ќе се жали на одлуката Сержи Роберто да добие суспензија од четири меча по црвениот картон на „Ел Класико“ против Реал, одлука за која веруваат дека е „скандалозна“.
Ако остане казната, тоа значи дека десниот бек нема да игра повторно оваа сезона, пропуштајќи ги мечевите против Вилјареал, Леванте и Реал Сосиедад, но и првиот меч од Шпанскиот Суперкуп против Севилја.
Според судијата Ернандез, Роберто добил црвен картон за „удар на противник со раката, со користење на прекумерна сила, додека топката не беше кај нив“. Поради ова дисциплинската комисија даде казна од 1.400 евра за клубот и 3.005 евра за играчот.
OFFICIAL: Sergi Roberto has received 4 match ban for hitting Marcelo. pic.twitter.com/Ezog8te3Re
— Zeeshan (@FinishRonaldo) May 9, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милвоки донесоа засилување од Лос Анџелес

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, Амир Кофи, е нов играч на Милвоки, објави франшизата од Висконсин.
Овој 28-годишен крилен кошаркар ја помина целата своја НБА кариера со Клиперс. Своите најдобри натпревари ги имаше минатата сезона, кога играше во просек 24,3 минути, постигнувајќи 9,7 поени по натпревар.
Кофи, одигра вкупно 72 натпревари за Клиперс минатата сезона, забележувајќи 2,2 скока и 1,1 асистенција, додека шутираше со 47,1 процент од поле и одлични 40,9 проценти за три поени.
Во текот на својата кариера, Кофи има просек од 6,7 поени, 1,9 скока и 1,1 асистенција по натпревар.
Минатата сезона, Милвоки го заврши натпреварувањето во НБА лигата во првото коло од плејофот, со поразот во серијата против Индијана.
Спорт
Борнмут го официјализира трансферот на Адли

Мароканскиот фудбалски репрезентативец Амин Адли (25) го напушти Баер Леверкузен и потпиша петгодишен договор со Борнмут, објави клубот од Премиер лигата.
Адли, роден во Безје и израснат во Тулуз, игра како крилен напаѓач. Во Бундеслигата играше од 2021 година, а претходно беше дел од Тулуз во Лига 1 и Лига 2.
Во текот на три години во Баер, тој одигра 143 натпревари со 23 гола и 25 асистенции, и беше дел од тимот на тренерот Чаби Алонсо кој ја освои двојната круна во сезоната 2023/2024, Бундеслигата и Купот на Германија.
Според медиумските извештаи, Борнмут платил 29 милиони евра за да ги откупи преостанатите три години од договорот на Адли.
Баер остана без уште еден клучен играч од шампионската сезона ова лето, по заминувањата на тренерот Чаби Алонсо, голманот Лукаш Храдецки, капитенот Џонатан Тах, Гранит Џака, Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Елмас се враќа под Везув – Наполи преговара со Лајпциг

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Според шепкулациите најголем интерес за Елмас покажува неговиот поранешен клуб Наполи.
Елмас во сезоната 2022/2023 беше дел од тимот кој по три децении ја врати титулата во Серија А, во градот под Везув. Таа сезона тој беше трет најобра стрелец во екипата.
Наполи отвори преговори со Лајпциг, но не за перманентен трансфер туку за позајмица, со право на откуп на договорот по завршувањето на сезоната.
Двете страни сега треба да ги договорат тие услови. Лајпциг ја одбиле орвата понуда од 1.500.000 евра за позајмицата и 11.500.000 евра за откуп на договорот.
Германскиот клуб бара 3.000.000 за позајмицата и близу 20.000.000 за откуп на договорот.
Foto/ EPA/MICHELE MARAVIGLIA