Спорт
Илијоски ги збриша „своите“ од Пелистер
Баже Илијоски постигна хет-трик, а Шкупи стигна до убедлива 5:2 победа над неговиот поранешен клуб Пелистер, за да го доближи до Втората лига.
Во заостанат меч од 26. коло поради труењето со храна на играчите на битолскиот клуб, денеска во Чаир се одиг…

Баже Илијоски постигна хет-трик, а Шкупи стигна до убедлива 5:2 победа над својот поранешен клуб Пелистер за да го доближи до Втората лига.
Во заостанат меч од 26. коло, поради труењето со храна на играчите на битолскиот клуб, денеска во Чаир се одигра мечот во кој „зелените“ се надеваа дека со позитивен резултат ќе се доближат до опстанок во лигата.
Наместо тоа, Пелистер доби петарда за да остане закован на последното место на табелата. Ален Јашароски уште во петтата минута донесе водство за Шкупи, а Илијоски, кој дојде во скопскиот клуб од Пелистер, во 12. минута зголеми на 2:0. Петар Љамчевски во 18. минута ја врати надежта за гостите, но Илијоски до крајот на полувремето уште еднаш стрелаше во мрежата на својот поранешен тим.
На почетокот на второто полувреме, во 48. минута, Илијоски го комплетира хет-трикот за 4:1, а Пелистер намали во 67. минута од пенал. Бунјамин Шабани во 76. минута го постави конечниот резултат.
Шкупи со победата скокна на шестото место со 42 поена, еден повеќе од Ренова, а Пелистер останува закован на дното со 31 поен. Скопје и Победа имаат по 32 поена најавувајќи интересен финиш на првенството, барем во борбата за опстанок.
Фото: ФК Шкупи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Роси е новиот тренер на Џенова
Фудбалскиот клуб Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, објавија денес италијанските медиуми.
„Фудбал Италија“, објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот избори опстанок во Серија А.
Де Роси ќе го предводи тимот во претстојниот првенствен натпревар против Фиорентина во недела.
Управата на Џенова не сакаше да го одложи назначувањето на новиот тренер, туку да го ангажира пред паузата во првенството.
Исто така, раководството реагираше брзо бидејќи очекуваше Де Роси да добие понуда од друг клуб.
Џенова го отпушти тренерот Патрик Виеира на 1 ноември откако тимот не победи на ниту еден натпревар во првите девет кола од Серија А.
Оттогаш, тимот го предводеа Роберто Мургита и Доменико Кришито, а во понеделник, Џенова ја оствари својата прва победа во лигата, против Сасуоло со 2:1 и се искачи на 18-то место на табелата со шест бода.
Спорт
Втор ден од четвртото коло, дербито е во Манчестер
По првиот ден од натпреварите од четвртото коло на фудбалската Лига на шампиони, само Баерн и Арсенал имаат максимален учинок, а од другите учесници во реформираното натпреварување, само Интер може да ги следи.
Најпривлечниот натпревар вечерва ќе се одигра во Манчестер. Тимот на Пеп Гвардиола за противник ја има Борусија Дортмунд. Во првите три рунди двата тима имаа по две победи и едно реми.
„Колку е важна оваа серија од два домашни натпревари во Лигата на шампионите? Многу. Не велам дека ќе биде лесно бидејќи Дортмунд секогаш дава сѐ од себе во ова натпреварување. Тие секогаш стигнуваат во подоцнежните фази. Но, со девет бода повеќе ќе се квалификуваме. Блиску сме до место меѓу првите осум“, пресмета стратегот на Сити, Гвардиола.
Лига на шампиони, 4.коло:
Пафос – Виљареал 18.45 часот
Карабаг – Челзи 18.45
Ајакс – Галатасарај 21.00
Бенфика – Леверкузен 21.00
Клуб Бриж – Барселона 21.00
Интер – Каират 21.00
Манчестер Сити – Борусија Д. 21.00
Њукасл – Атлетик Билбао 21.00
Марсеј – Аталанта 21.00
Спорт
Компани: Сè е супер, но трофеите не се освојуваат во ноември
Тренерот на Баерн, Венсан Компани, по победата против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, изрази задоволство од настапот на својот тим, но исто така нагласи дека се соочуваат со уште поголеми предизвици до крајот на сезоната.
„Освоивме три бода, и тоа е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Ова е далеку од тоа да го одлучи победникот на Лигата на шампионите. Се сеќавате како ПСЖ ја освои титулата минатата сезона… Станува збор првенствено за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Направивме сериозен чекор во таа насока. Ни требаат позиции од кои ќе биде полесно да се бориме за финалето“, рече Компани, објавија германските медиуми.
Баерн е на првото место на табелата на ЛШ со 12 бода, исто колку и второпласираниот Арсенал. Фудбалерите на Арсенал и Баерн ќе се сретнат на 26 ноември во Лондон во петтото коло од Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Баерн одиграа 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и ги забележаа сите 16 победи.

