Црна хроника
Половина тон кокаин откри јапонската полиција во мермерни блокови од Мексико

Јапонската полиција го разоткри најголемиот случај во историјата на обид за криумчарење на пратка кокаин од околу 500 килограми во мермерни монолити увезени од Мексико, во проценета вредност од 350 милиони американски долари, соопштија во петокот тамошните власти.
Во текот на целата мината 2013 година, јапонската полиција и царината успеале да запрат вкупно 859 килограми разни дроги, се додава во соопштението.
Според медиумите, царинските служби и полицијата во пристаништата во градот Фукуока во јужна Јапонија и во Јокохама недалеку од главниот град Токио, во средината на јануари годинава со помош на рентенско скенирање откриле скриена во мермерните блокови со вкупна тежина повеќе од 1,5 тони сомнителна прашакаста материја. Потоа, според одлуката на локалните судови, со тајно следење од страна на полицијата двата блока биле пропуштени до наведената крајна дестинација.
Така товарот успешно минал низ неколку пристаништа во Јапонија, и на крајот од февруари, мермерните блокови стасале до крајната дестинација, складиште во градот Сагамихара недалеку од Токио. Полицијата успеала да уапси неколку лица кои се осомничени за трговија со дрога.
Последните години јапонската полиција забележува дека шверцувањето на наркотици од Мексико во Јапонија зема поширок замав. Така, во март минатата година во пристаништето Јокохама беше запленета пратка со дрога со тежина од 240 килограми од Мексико, а потоа во мај во пристаништето во Кобе беше откриен товар со 194 килограми разни дроги, исто така, со мексиканско потекло./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 пакување со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.