Црна хроника
Две жени загинаа, 17 се повредени во тешка сообраќајка пред Ќафасан
Две жени на возраст од 25 и 66 години загинаа, четири се во кома, а 17 се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец Прењас – граничен премин Ќафасан во четврток вечер.
До несреќата дошло кога возилото, во кое се превезувале албански државјанки кои тргнале на викенд во Струга за прослава по повод 8 март, се забило во електричен столб, а потоа завршило во канал.
Повредените биле пренесени во болница во Ливбражд, а четири од нив поради сериозноста на повредите биле пренесени во Тирана.
Како што пишуваат албанските медиуми, причините за губење на контролата на возилото се уште не се познати, а според најновите информации едно од лицата кои се во кома е возачот на комбето.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.